Горан Пандев, Самуел Ето, Диего Милито, Снајдер, Мајкон, Деки Станковиќ, Марко Матераци, Хавиер Занети, Иван Кордоба - каква банда предводена од Жозе Мурињо кои во 2009/2010 освоија Лига на шампиони, Серија А и Копа Италија.
Имаше Жозе летово неколку примамливи понуди да преземе екипа (Њукасл и пар други англиски плус богата понуда од Кина), но арогантно изјави дека реномето не му дозволува да се бори за вториот дел од табелата. Ама на крај го стигна мака што не тренира никого во моментов.
Откако паузираше цела година од тренирање, Жозе Мурињо нема тренерски ангажман ниту оваа сезона, но затоа почна да работи како стручен коментатор за Скај Спортс. Деби за анализа му беше Манчестер Јунајтед - Челси, по што Гери Линекер се отвори со јак штос.
8 август е датум кој не потсеќа на УЕФА Супер Купот кој се одржа во Скопје пред две години. Денот кога на Градски истрчаа Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. Денот кога Жозе Мурињо доби прашање од Наташа на која и го даде еден од најјаките мурињовски одговори откако е тренер. Н е п о в т о р л и в о.
Никој не знаеше што мустра е се додека не се отвори во Премиер лигата. Дојде во Челси како ептен изненадувачки европски првак со Порто и уште на неговата промоција почнаа циркузите. Поминаа точно 15 години откако сам за себе си кажа дека е таков каков што е и сега.
Поминаа 9 години од тој незаборавен 22 мај во Мадрид, кога Интер ја освои ЛШ во годината кога стигна до историската тројна круна. Незаборавен и за нас, бидејќи во тоа славно друштво е и Горан Пандев со македонското знаме на гради. Интер - Баерн 2:0 со двата гола на Милито.
Кога сфаќаш дека понудата во оваа спортска среда се состои од натпревари на Пескара, Пиза, Минесота Јунајтед, Тун, Домжале, како и норвешки куп, седнуваш и наоѓаш ваква занимација.
Челси против Баерн Минхен во Лига на шампиони. Мурињо суспендиран и нема како да влезе до соблекувална кај играчите пред важниот натпревар. Кабинерот го става во метална корпа за алишта.
Специјалниот знае да се занесува пред камери, да не се смее, ама кога ќе реши да е сериозен дава одлична стручна анализа. Муабетов за подвигот на Ливерпул му е едноставен, ама ептен на место. Од збор до збор е во право.
Од денешна перспектива звучи просто неверојатно како Португалецот бил тој кој ги пуштил младинците на Барса „во оган“, а еден гол на нивното деби им дал Тито Виланова кој подоцна стана и тренер на гигантот од Каталонија.
Кога човек ќе остане без работа, а се вика Жозе Мурињо наместо да оди дома во Португалија да се одмори, тој за Русија фатил пат. Абе и на хокеј ќе отиде и пак ќе привлече внимание.
Немој да го жалите. Човекот си работи промотивни кампањи како никогаш досега. Му е гајле дали тепал Јунајтед со Лестер на гости и дали Сити го добил Арсенал. Во моментов е во Балашиха, место веднаш до Москва каде е гостин на хокеарскиот клуб Авангард.
Во низата непромислени потези во својата тренерска кариера (Лукаку, Де Брујне, Мата....), најдобриот египетски фудбалер на сите времиња е најголем грев на Жозе Мурињо како тренер на Челси. Ден-денес пробува да се извади за тоа што не го играше Салах.
Заминување на The Special One од Јунајтед и натаму е топ тема на островот. Иако за тренер веќе е поставен џокерот на Фергусон, Оле Гунар Солскјер сепак мора до крај да се исчепка целата вистина за отказот на Жозе Мурињо.
Нема крај сеирот кој му го пукаат на Мурињо за отказот кој го доби во Манчестер Јунајтед во сред сезона. Гори интернетот веќе четврти ден. Најново, работа му најдоа во фабрика за коли.
Лучано Спалети не е кадарен тренер за успеси како оние на Специјалниот. Тоа го знаат навивачите на Интер и затоа сонуваа и уште сонуваат за негов кам бек на Меаца.
Жозе Мурињо си замина, односно го избркаа од Манчестер Јунајтед, а ако сакате да знаете каде му остана автобусот, ене го во населба Влае. Одма после мостот, пред маркет Зур и Златна копачка.
„Ако сакате да зборуваме за мојот учинок, само ќе ви кажам дека ѝ донесов независност на Северна Македонија, целосна државност на Република Јемен, како и титула на Реал Мадрид во Ла Лига. Сè што се случи потоа, не е моја вина“, вели Специјалниот.
На клупата на Манчестер Јунајтед Мурињо седеше на 144 натпревари и забележа: 84 победи, 32 нерешени и 28 порази. Гол разлика 243:117. Утрово доби прилично очекувана шут-карта.
Манчестер Јунајтед во осминафиналето од Лига на шампиони за противник ќе го има Пари Сен Жермен. На моментот од ждрепката Жозе сфатил дека Смолинг и другите дрвца ќе треба да се бркаат со ѕверките на ПСЖ.
Кога влијателен лик како Жозе Мурињо ќе направи потег како оној по мечот со Јуве во ЛШ, кој го совлада со пресврт во драматична завршиница, не поминува тоа така. Неговиот провокаторски гест го повторија и две маскоти на Џенова пред мечот со Наполи.