Мечот Уругвај - Јужна Кореа е еден од последните во првото коло на Мундијалот во Катар. За коментаторите малку потежок во однос на изговорот. Италијанскиот коментарот се реши за читање по брза постапка.
Швајцарија со 1:0 го совлада Камерун во последниот ден од првото коло на Мундијалот во Катар. Стрелецот на голот изгледаше како да е пишман што мораше токму него да му се падне да ја реши.
Повеќекратниот светски првак Германија го започнува Мундијалот со меч против Јапонија. Пред почетокот на средбата, германските репрезентативци на групната фотографија со раце ги покрија устите во знак на протест што ФИФА не дозволи капитени на одредени селекции да носат ленти во боите на виножито. Многу ја погодија ФИФА со ова мора да се признае.
Има забава во Катар, ај ти. Особено ако сте навивач на Саудиска Арабија, па и репортер од Јапонија, чие известување се претвори во арапско шоу. А и него некако му легна друштвото.
Слушаш математика, хемија, физика, а ги гледаш Меси, Роналдо, Мбапе. Светско од лето во зима преместија, еден зимски распуст не можете да поместите малку порано? Океј, тогаш да се концентрираме на следните два (фудбалски) часа по 45 минути.
Како млада и тазе држава по распадот на Југославија, Хрватска одигра историски Мундијал во 1998 и го освои третото место. Впечатоците од тие незаборавни мигови ги раскажуваат Игор Штимац и Ѕвонимир Бобан.
Гиљермо Очоа важи за легенда на Мексико и еден од малкумината во историјата на фудбалот со учество на пет Мундијали. 37 годишниот голман на мексиканскиот клуб Клуб Америка кој има 132 настапи за репрезентација, синоќа му фати пенал на Левандовски за Мексико - Полска конечни 0:0. Погледнете ја радоста на децава.
Саудиска Арабија ја победи Аргентина во првото коло на Светско и ѝ го нанесе првиот пораз после 36 средби. Навивачите имаат потполно право да слават после овој сензационален резултат кој го остварија со пресврт.
Пазете го ова. Аргентина беше во серија од 36 натпревари без пораз. Последен пат загубиле од Бразил во јули 2019-та. Само втор пат во историјата на Мундијалите губат меч после водство на полувреме. Првиот пат им се случило пред 92 години.
Во прво полувреме ги упецаа со офсајд замки, во второ Аргентинците и покрај тоа што немаат високи напаѓачи, беа сивоњи и упорно и очајно се обидуваа да го избегаат срамот со нафрлени. Резултатот:
На петтиот натпревар во Катар се случи лудорија од резултат од кој настрадаа Меси и другарите. Саудиска Арабија која губеше 1:0 на полувреме, во рок од 5 минути направи лудачки пресврт и ја победи Аргентина. Гаучосите дадоа уште три гола во прво, ама им ги поништија.
Со голот од пенал после 10 минути игра, Лео Меси стана прв Аргентинец во историјата кој постигнал гол на четири Мундијали. Батистута и Марадона имаат дадено на три.
Англија беше немилосрдна на првиот меч на Мундијалот и го победи Иран со 6:2. Еден од стрелците беше Џек Грилиш кој му исполни ветување на еден млад фан.
Првото коло од Мундијалот, Португалците го играат последни во четврток, а тоа им дава доволно време малку и за разонода и релаксација. Репрезентативците добија задача да нацртаат по еден соиграч. Роналдо го нацрта Пепе и прсна од смеење.
Во Катар и не е така тешко да стигнеш до алкохол, само треба да налеташ на правите луѓе. Англичани запознале син на локален шеик кој ги однел во палатата на дружење и пиење. Се воодушевиле од целиот третмат, а им покажале и лавови, мајмуни и егзотични птици.
На отворањето играа Катар и Еквадор. Многумина го напуштија стадионот, ама малкумина останаа за да си го запазат редот, а тоа се јапонските навивачи, кои каде и да одат се познати по своето педантно чистење на трибините.
Аргентинската новинарка Доминик Мецгер која известува од Катар, за време на едно јавување била изџепарошена од лопови, па се пожалила кај катарската полиција.