Таг: роналдињо

Роналдиљо против Гатузо, Пирло и Неста

Бразилски весник минатата недела објави дека Роналдињо по крајот од оваа сезона оди во пензија, но тој демантираше и рече дека ќе игра се додека се чувствува добро. Му посакуваме уште многу вакви потези за клип.

(Р)еволуцијата на Барселона низ фотографии

Со доаѓањето на претседателот Лапорта и тренерот Рајкард во 2003 година, каталонскиот клуб стана синоним за најдобар европски модерен фудбал. Под водство на Рајкард и Гвардиола и со некои од најдобрите фудбалери што овој спорт ги видел некогаш, Барселона по ред ги освојуваше ЛШ и ЛЕ.

Никогаш доста од Роналдињо

На финтава со кршење кичми најмногу паѓавме во транс додека ја правеше во Барселона, но тогаш барем топката беше на терен. На кусава снимка од сала се гледа дека го апгрејдирал дриблингот.

Славни фудбалски имиња кои се потенцијални пензионери

Откако минатата сезона збогум на фудбалот му кажаа играчи од калибарот на Пујол, Гигс, Анри, Занети и Раул, им се ближи крајот уште на неколку ѕвезди кои се ветерани. Повеќето од нив се наполнија со трофеи, а за пари не ги жалиме, ќе се снајдат.

Роналдињо им вади душа на Мексиканците

Бразилската ѕвезда не ја затресе мрежата на синоќешниот куп натпревар за неговиот Керетаро кој беше подобар од Сакатекас со 2:0, но неговите неполни 35 години не му пречат да игра самба на терен.

Новогодишниот дочек на Роналдињо

Бразилската ѕвезда ги рипна тренинзите за Божиќ па потоа објави слика дека заминал кај семејството. И покрај отсуството со денови, мексиканскиот клуб Куеретаро одлучи да не го казни, а тој објасни каде бил и за Нова година. Објективот успеал да фати 13 девојки.

Полуде соиграч на Роналдињо во Мексико

Од мексиканскиот Кверетаро се навикнавме да гледаме нови потези и убави голови на Роналдињо, но неговиот соиграч Вилијан го промовираше клубот со тешка глупост.

Трик шутот од спунт на Адам Лалана

За време на снимањето на рекламниот спот за видео играта Assassin's Creed Unity, фудбалерот на Ливерпул направи потег во стилот на Роналдињо.

Роналдињо на тренинг ја залепи од прва

Од некој друг би се одбила како од дрво, а Бразилецот покажа како се потпишува со топката.

Роналдињо гостите ги мава со топка во глава

Во телевизиско шоу кое се одржа во дворот на Роналдињо, неколку кандидати се обидоа да го поминат базенот и да ги избегнат ударите на домаќинот. Еден успеа, а другиот ја попи во глава.

Роналдињо како во старите добри времиња

Бразилецот и понатаму си игра со противничките голмани кога ќе ја намести топката пред живиот ѕид. Во 4 натпревари за мексиканскиот клуб има 2 гола и 1 асистенција и веќе стана омилен во Мексико.

Роналдињо мета на расистички испад на политичар

Бразилскиот фудбалер уште не дебитираше за својот нов клуб во Мексико, а веќе се соочи со расистички навреди.

Слободните играчи кои уште немаат клуб

Во најголем дел од европските лиги изминатиот викенд заврши летниот преоден рок, но некои фудбалери до декември ќе може да ги разгледуваат понудите.

Симболиката со броевите на дресовите

Играчите на времето строго се држеа до броевите од 1 до 11, а сега речиси и да нема фудбалер кој не носел двоцифрен број на грбот. Некој од суеверие, друг од мајтап, трет од почит. Марио останува на 45-та и во Ливерпул.

Сите дресови од Роналдињо

Богатата колекција со дресови од бразилската ѕвезда е направена од реплики на сите негови досегашни клубови Гремио, ПСЖ, Барселона, Милан, Фламенто, Атлетико Миниеро и Бразил. Ги собра најголемиот негов навивач Џовани Токохуа кој успеал да купи 78 комада, а сликата на фејсбук ја постираше Роналдињо.

Роналдињо владетел во јужноамериканскиот фудбал

Фудбалерите на Атлетико Минеиро лани славеа во елитната Копа Либертадорес, а синоќа во возбудлив меч со два автоголови на екипата на Ланус во продолженијата, стигнаа до првиот трофеј во Рекопа Судамерикана, своевидниот Супер куп на Јужна Америка.

Продолжува фудбалот во Бразил

По срамната елиминација на Бразил кој се обиде преку Светското првенство да го сплоти незадоволниот сиромашен народ кој жестоко протестираше низ улиците, страста кон фудбалот во оваа земја ќе треба да се поврати преку националното првенство.

Нова магија на Роналдињо

Легендарниот Роналдињо не престанува да воодушевува и на 34 години во дресот на Атлетико Минеиро. Тој на натпреварот против колумбискиот Атлетико Насионал во рамките на Копа Либертадорес демонстрираше како се изместува противнички играч.

Како Роналдињо си поигруваше со Мароканците

Екипата на Раја Казабланка од Мароко која е домаќин на Светското клупско првенство направи сензација со триумфот во полуфиналниот дуел против Атлетико Минеиро од 3:1, но и покрај тоа ѕвезда на вечерта беше Бразилскиот напаѓач кој им кршеше кичми.

Сите голови од слободен удар на Роналдињо

Откако освои се што можеше да освои, поранешниот најдобар фудбалер на планетата продолжи да мами воздишки со своите голови од слободен удар. Роналдињо синоќа постигна уште еден прекрасен гол од слободен удар што е само една од многуте негови мајстории во богатата кариера. Ова се најдобрите 60 голови од слободен удар на Роналдињо.

Атлетико Минеиро и Роналдињо го освоија Копа Либертадорес

Бразилскиот фудбалски клуб Атлетико Минеиро предводен од Роналдињо на пенали го совладаа парагвајскиот клуб Олимпија и за прв пат во историјата го освоија Копа Либертадорес (јужноамериканската верзија на Лига на шампиони).

Роналдињо со обезбедување изведува корнер

Иако на видеото се гледа дека ниту еден навивач на Олд Бојс не се ни обиде да фрли некаков предмет врз него, бразилската ѕвезда за секој случај си доби максимална заштита за време на изведувањето на корнерот на меч од Копа Либертадорес.

Асистенцијата на Роналдињо

Со двата гола на Роналдињо, Атлетико Минеиро го совлада Гремио, но наместо головите решивме да ја издвоиме оваа негова асистенција која штета што неговиот соиграч не ја претвори во гол.