Фудбалерите на Атлетико Минеиро лани славеа во елитната Копа Либертадорес, а синоќа во возбудлив меч со два автоголови на екипата на Ланус во продолженијата, стигнаа до првиот трофеј во Рекопа Судамерикана, своевидниот Супер куп на Јужна Америка.
По срамната елиминација на Бразил кој се обиде преку Светското првенство да го сплоти незадоволниот сиромашен народ кој жестоко протестираше низ улиците, страста кон фудбалот во оваа земја ќе треба да се поврати преку националното првенство.
Легендарниот Роналдињо не престанува да воодушевува и на 34 години во дресот на Атлетико Минеиро. Тој на натпреварот против колумбискиот Атлетико Насионал во рамките на Копа Либертадорес демонстрираше како се изместува противнички играч.
Екипата на Раја Казабланка од Мароко која е домаќин на Светското клупско првенство направи сензација со триумфот во полуфиналниот дуел против Атлетико Минеиро од 3:1, но и покрај тоа ѕвезда на вечерта беше Бразилскиот напаѓач кој им кршеше кичми.
Откако освои се што можеше да освои, поранешниот најдобар фудбалер на планетата продолжи да мами воздишки со своите голови од слободен удар. Роналдињо синоќа постигна уште еден прекрасен гол од слободен удар што е само една од многуте негови мајстории во богатата кариера. Ова се најдобрите 60 голови од слободен удар на Роналдињо.
Бразилскиот фудбалски клуб Атлетико Минеиро предводен од Роналдињо на пенали го совладаа парагвајскиот клуб Олимпија и за прв пат во историјата го освоија Копа Либертадорес (јужноамериканската верзија на Лига на шампиони).
Иако на видеото се гледа дека ниту еден навивач на Олд Бојс не се ни обиде да фрли некаков предмет врз него, бразилската ѕвезда за секој случај си доби максимална заштита за време на изведувањето на корнерот на меч од Копа Либертадорес.
Со двата гола на Роналдињо, Атлетико Минеиро го совлада Гремио, но наместо головите решивме да ја издвоиме оваа негова асистенција која штета што неговиот соиграч не ја претвори во гол.
Со оглед на ремек делото кое го приреди на својот прв официјален натпревар слично на нејзиниот идол, оваа 17 годишна фудбалерка од Шведска ќе го памети својот деби настап до крајот на животот.
Атлетико Минеиро го победи аргентинскиот клуб Арсенал со 5:2 во рамките на Копа Либертадорес, а стрелец на два погодоци беше легендарниот Роналдињо, но неговото шоу беше фрлено во сенка на тешкиот инцидент и тепачката на гостинските фудбалери со бразилската полиција.
Маестралниот Роналдињо покажа дека и на 33 години се уште игра како во најдобрите денови. Атлетико Минеирео го совлада Стронгест од Боливија со 2:1 во рамките на „Копа Либертадорес“, а Бразилецот беше еден од најзаслужните со еден гол и неколку фантастични додавања.
Кога во 2004-та година Лионел Меси се пробиваше во Барселона, главната улога во тимот на Рајкард ја имаа Роналдињо и Деко, па младиот Аргентинец решил да учи од нив и да ги преминува нивните тактики за тренинг.