Таг: новак ѓоковиќ

Нереален поен на Ѓоковиќ кој остана залепен на трева

Српскиот тениски ас веќе по кој знае кој пат се надминува себе си со шампионски и лудачки пресврт. Во четвртфиналето на Вимблдон губеше 2:0 од Италијанецот Јаник Синер, генерација 2001, но му се врати и го расканта со 6:3, 6:2, 6:2. Сите зборуваат за овој неверојатен бекхенд, а коментаторот на Спортклуб: Ова не е нормално. Авион, акробат.

Првите тренинзи на Ѓоковиќ на 4 години

По освојувањето на Мастерсот во Рим каде стана најстар победник со 34 дена, 11 месеци и 23 дена, се појави снимка од 1991-ва од човекот кој владее 370 недели на врвот на АТП листата. Уште на 4 години знаел да држи рекет и да го удира топчето со форхенд и бекхенд.

Ѓоковиќ веќе го има поенот на Мастерсот во Рим

Со 2:0 во сетови (6:3 и 6:2), Новак Ѓоковиќ го збриша Аслан Карацев од Русија во првото коло и обезбеди осминафинале во Рим. Во ниту еден момент не смее да се олабави човек во дуел со него. Погледнете го што стигна и како ја запали италијанската публика.

Како Ѓоковиќ го имитира Марин Чилиќ

Публиката на АТП Мастерсот во Мадрид нема да гледа денеска четвртфинална пресметка меѓу Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ. Британецот го откажал мечот поради труење со храна. Ама затоа има прилика да гледа забава на тренингот на Ноле кој со помош на Иванишевиќ го имитираше Чилиќ како се спрема за сервис.

Ѓоковиќ: Македонија е на високо ниво во ракометот, со среќа на Светско

Од Србија Опен во Белград, пред неколку дена се појавија изненадувачки фотографии на кои го видовме Ноле со дрес од Кире Лазаров. Му го даде македонскиот новинар Бошко Тасиќ како поздрав од најдобриот македонски ракометар. Налетавме на видео од средбата.

Ноле имаш поздрав од Кире Лазаров

Новак Ѓоковиќ се наоѓа во Белград на турнирот Србија Опен каде се пласираше во финале, откако го совлада Карен Хачанов со 2:1. И кога оп, колегата Бошко Тасиќ го изненади најдобриот тенисер во светот со подарок дрес од најдобриот македонски ракометар. Поздравот е од Кире Лазаров и РФМ.

Аудио честитка на Ѓоковиќ за Македонија

Со посредство на менаџерот Никола Томиќ, кој е добар пријател на тенискиот ас, да чуеме што има да каже Ноле за успехот на Македонија во Палермо.

Ноле ѕвездаш во душа

САД му ги затвори вратите за турнирите во Индијан Велс и Мајами, ама во арената Александар Николиќ го пречекуваат како крал. Шоу правеа и навивачите и Ѓоковиќ со играчите.

Дроп шот па мајсторски лоб на Ноле

За 1 час и 40 минути, Новак Ѓоковиќ на турнирот во Дубаи го суреди и Русинот Карен Хачанов со 2:0, а во еден момент со два убави потези, му покажа кој е кој во тенисот.

Еуфоријата за Ѓоковиќ во Дубаи

Австралија опен 2022 е минато за Новак, кој гледа напред кон новите предизвици. Дали беше во право или не, сега веќе и не е толку битно. Факт е дека секој тениски турнир е посиромашен кога го нема него.

На кого му го истури Новак бесот?

По пауза од неполни три месеци, Новак Ѓоковиќ се врати на терените и со 2:0 го совлада Лоренцо Музети на турнирот во Дубаи. Во еден момент пцуеше наводно накај својот тим, на што Горан Иванишевиќ се насмевна. Потоа образложил дека ветерот му правел проблем при сервис и така морал да ја исфрли фрустрацијата.

Како Ѓоковиќ го најде лекот за проблемите и стана број 1 во светот

За старт со ѓаволски добра и точна дијагноза дадена на 14.000 км оддалеченост, дека тешкотиите со дишењето му се од таложењето токсини во цревата, настанато со дебаланс во дигестивниот тракт. Тоа е дијагнозата. Потоа на сцена стапува упорниот Ѓоковиќ на кој му се случува пресвртница во кариерата.

За Путин немало ваква еуфорија во кабинетот на Вучиќ

„Ги имам примено сите државници во светот, од американскиот до Владимир Путин, но вакво нешто немам видено. Никогаш не се случило толку луѓе да бидат во оваа зграда. Сите готвачи и служители дојдоа, дамите посебно се дотераа, новинари во така голем број не сум видел за десет години власт“.

Кога Новак Ѓоковиќ се борел во Првата светска војна

Проект за архивирање на семејни фотографии од Првата светска војна открива интересен детал за предок на тенискиот ас, од кого тој го наследил името.

Федерер за Надал: Пред неколку месеци се шегувавме дека сме на штаки

Рафаел Надал стигна прв до рекордниот Гренд слем број 21 во кариерата, а за големиот подвиг доби честитки и од двајцата главни опоненти, Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ.

Црногорски комичар му кажува виц на Ѓоковиќ за Надал и Федерер

Познатиот комичар од Црна Гора, Дејан Радуловиќ го начека Ноле во ресторан во Тиват. Му раскажува кратка гачка и се дробат од смеење.

17 факти за Новак Ѓоковиќ, посилни од егото и политиката на Австралија

Крутата австралиска принципиелност не му дозволи на најдобриот тенисер во светот да се бори за гренд слем број 21 и да испише нова историја. Може да го дрват за виза, ама не може да му ги оцрнат делата, а ги има многу, а дел се направени и кај нив.

Ѓоковиќ слета во Белград, новинари еден куп

По речиси две недели сага, светскиот рекет број 1 се врати дома. На аеродромот „Никола Тесла“ имаше многу новинарски екипи и негови фанови, но тој одлучи да не дава изјава.

Ѓоковиќ да беше принц, силувач на девојки или премиер криминалец, сите визи ќе ти важеа

Ѓоковиќ е „див Балканец“ и затоа сега страда, а „цивилизираните криминалци“ ги имаат сите привилегии на овој свет.

Ѓоковиќ има забрана за влез во Австралија до 2025-та година

Најдобриот тенисер во светот денеска требаше да го одигра првото коло против сонародникот Миомир Кецмановиќ. Но наместо тоа, тој беше депортиран и според сегашната ситуација нема да може да настапи на Австралија опен во наредните три години.

Снимка од враќањето на Ѓоковиќ во притвор

Австралија и дефинитивно ја претера со случајот Новак Ѓоковиќ и го третира како да е најголем криминалец во светот. На два дена до првиот меч кој е неизвесно и дали ќе го игра, го вратија во хотелот за мигранти.

Соопштение на Ѓоковиќ за целата лакрдија

Најдобриот тенисер во светот ја признава грешката што позитивен на Ковид дал интервју за француски Л`екип и објасни кај била утката при влез во Австралија.

Австралиски презентери со навреди се отворија против Ѓоковиќ

Презентерското дуо на австралиската телевизија Канал 7, изгледа подзаборавиле дека камерата може да снима и кога се местат за вести. Па сега им преостанува она „Ама не, ние не мислевме така“. Резил.

Колку пари може Ѓоковиќ да загуби од спонзорите?

Проценките не се воопшто наивни, и тие не се темелат толку на ова шест дневно тегнење со визата, колку на тоа што е антиваксер.