Таг: никола јокиќ

Јокиќ ли е Дончиќ ли е?

Еден од дописниците на РТС од САД, Александар Жигиќ преку видео повик се обиде да му постави неколку прашања на Никола Јокиќ, центарот на Денвер Нагетс. Ама...

Јак дуел на Јокиќ и другар му Дончиќ

Денвер и Далас Маверикс одиграа супер дуел кој го добија Нагетси 117:113. Јокиќ уфрли 20 поени и 10 скока, а Дончиќ одново имаше ѕверска партија со трипл-дабл.

НБА ѕвездата се опушта со Мирослав Илиќ

Најдобриот играч во НБА во моментов по многу параметри, краткото слободно време меѓу напорните натпревари го користи да се опушти по дома.

Јокиќ: Шек тоа е на руски, а јас сум Србин

Нова доминантна партија на Никола Јокиќ кој оствари трип дабл со 23 поени, 14 скокови и 10 асистенции, а Денвер славеше против Голден Стејт со 114:104. Србинот беше во центарот на вниманието, ама и Шек кој во обид да му каже браво за играта на неговиот мајчин јазик, тој на руски фати.

Луда асистенција на Јокиќ која стана хит

Брилијантна партија на Никола Јокиќ со 35 поени, 15 скока и 6 асистенции на мечот против Минесота кој Денвер го доби со 123:116. Сите зборуваат за генијалниот пас на Србинот со кој ги воодушеви коментаторите.

Да го видиш Никола Јокиќ како игра на свадба

Еден од најдобрите центри во НБА во изминативе пар сезони, српскиот репрезентативец Никола Јокиќ се оженил во својот роден град Сомбор со својата долгогодишна девојка Наталија. Отвориле со хитот на Ѓорѓе Балашевиќ, а „Џокер“ игра во голем стил како против најголемите ѕвезди во НБА лигата.

Кралот што урнебесно го имитира Јокиќ

Плејоф бајката за Денвер и Јокиќ заврши. Нагетси со 4-1 изгубија во финалната серија на Западот, па сега Никола ќе може заслужено да одмора до почетокот на новата сезона во НБА. До тогаш, одвреме-навреме ќе се смееме со лудакот што скроз ги ископира неговите движења.

Јокиќ е бавен како желка која ги победува сите зајаци

Никој нема да го погреши Јокиќ со Болт во скоро време, но реалноста е дека тој го вади најдобро од себе и најчесто ги легнува противниците на колена додека игра најбавно.

Маестралниот Јокиќ vs Лејкерски во 90 секунди

Денвер ја намали предноста на Лејкерс на 2:1 во финалето на Западот откако ноќеска славеше со 114:106. Трипл дабл учинокот на Леброн не им беше доволен за победа, затоа што од другата страна Никола ги дробеше од секоја позиција и го заврши мечот со 22 поени, 10 скока и 5 асистенции, како и Мареј со 28 поени и 12 асистенции.

Јокиќ е маестрален и за додавања

Никола стана прв играч во историјата на НБА плејоф мечевите со трил дабл учинок, остварен со минумум 20 скока. Ама па и за асистенции е цар, а ги имаше 13 на мајсторката. Погледне како тоа го прави умно и лесно.

Дебелкото со кој никој не сакал да игра баскет, стана главна ѕвезда во НБА

Ден-денес се прераскажува анегдотата за тоа како најпознатиот кошаркарски менаџер во Европа, Мишко Ражнатовиќ го пронашол Никола Јокиќ.

Еден е Никола Јокиќ - мајсторот го носи Денвер во мајсторка

Неверојатно, но вистинито е дека Денвер Нагетс досега веќе 5 пати можеа да испаднат но се покажаа како тврд орев во плејофот и сега во мајсторка ќе се борат за финале на Западот.

Додавање на Јокиќ побрзо од камерите

Хајлајт на вечерта синоќа во НБА беше тројката на Ануноби во последна секунда со која шампионот Торонто намали 2-1 против Бостон во серијата. А на Твитер се ширеше и видеото од пасот на Јокиќ на мечот ЛА Клиперс - Денвер.

Последните 17 секунди од мајсторката меѓу Јута и Денвер

Да водиш 3:1 во плејоф и потоа да те елиминираат е реткост во НБА лигата. Синоќа се случи по само 12-ти пат во историјата, а херој беше Јокиќ кој ги постигна последните поени за победа.

Јокиќ да фрли машина за перење, ќе даде кош

Никола Јокиќ одигра луда четвртина на мечот на кој неговиот Денвер Нагетс намали 3:2 во плејоф серијата против Јута Џез. Јокиќ постигна вкупно 31 поени од кои дури 21 во една четвртина (5 тројки, 1 со звукот на сирената).

Првиот ден од најјакото во НБА - Мичел даде 57 поени, Дончиќ со нов рекорд

Трите рекордни поентерски подвизи во плејоф натпревари во НБА се Мајкл Џордан (63 поени во 1986-та), Елџин Бејлор 61 поен во четвртиот меч од драматично финале во 1962-ра и...

Џеј Рамадановски грми на тренинг на Денвер Нагетс

Според ЕСПН, три НБА франшизи кои ги продолжиле тренинзите се Денвер Нагетс, Портланд Трејлбејзерс и Кливленд Кавс. Кај првиве на тренинг за расположение е задолжена „Угасила си ме“ од Џеј, пуштена од Никола Јокиќ.

Спектаклот на најчудниот Ол Стар меч во 21-от век

Поради падната гледаност на најголемото кошаркарско шоу на светот, луѓето од НБА лигата решија да направат неколку промени во правилата на овој ревијален натпревар, со цел да го направат понатпреварувачки и подраматичен. Излезе фантастично зошто се јадеа до крај.

Не, Јокиќ шпорет да фрли, ќе даде кош

Денвер Нагетс со 134-131 го победи Голден Стејт а српскиот репрезентативец постигна 23 поени со 12 скока и 8 асистенции. Просто неверојатно е какви шутеви вади и баскетот влегува низ обрач.

Најчитаното во Офсајд за 2019 (II дел)

Со големо задоволство испорачувавме текстови од светот на спортот, уверени дека со големо задоволство уживавте во нив. Така беше во текот на 2019-та, а еве кои статии беа најчитани, најкоментирани, најсподелувани и предизвикаа најголем интерес.

Вие само дојдете, со иста финта ќе ве исфрлам од игра

Не е битно дали сме во маало на баскет или во НБА на мечот Денвер - Сакраменто, туку е битно е што чичко ви Никола ќе ви покаже како се влегува под кош со малку мешање лева десна.

Видео на денот со Јокиќ и дете со Даунов синдром

По Светското во Кина минатото лето, Јокиќ побавно ја запали машината на стартот на сезоната во НБА, но како проаѓа времето, игра на нивото од лани кога беше еден од најдобрите центри во лигата. А забавен е и за американската јавност, за публиката и за дечињата со Даунов синдром.

Рекламата со Јокиќ за грицки

Најдобриот НБА центар за изминатата сезона, во пресрет на Светското првенство во Кина, снимил реклама за грицките „рибички“. Толку е лежерно симпатичен и на терен и во реклама.

Од НБА плејоф да одмори во Сомбор со пиво во кладилница

Еден од најдобрите кошаркари во НБА сезонава, Србинот Никола Јокиќ по завршувањето на плејоф авантурата со неговиот Денвер Нагетс, веднаш се вратил дома во родниот Сомбор, да одмори од пренапорната сезона.