Таг: карикатури

Барајќи ја Нина: карикатуристот што го вметнуваше името на својата ќерка во сите цртежи 

Пред две години беше организирана онлајн изложба „Национално лудило: 75 години барајќи ја Нина“. Станува збор за Нина Хиршфелд, ќерката на славниот карикатурист Ал, која од моментот на нејзиното раѓање била скришно присутна во сите негови цртежи.

Карикатуристот кој го исмеваше француското здравство

Тензијата помеѓу политиката, здравствениот систем и „обичниот народ“ не е ништо ново, а особено доаѓа до израз во време на епидемии. Доказ за ова е сатирична книга од 19 век, која ја има напишано доктор, а илустрирано еден од најдобрите карикатуристи во историјата на овој цртачки жанр. 

29 февруари, денот кога жените запросуваат

Во традиционално патријархалните средини само еден ден бил исклучок од правилото мажот да нуди брак. Се паѓал еднаш на четири години, и тогаш ергените морале да бидат на штрек.

Стриповите на Гери Ларсон конечно се онлајн

25 години откако се пензионираше, Ларсон посвети огромна енергија на тоа дали некој ќе му ги скенира стриповите и ќе ги стави на интернет. Конечно реши да оди по онаа - ако не можеш да ги победиш, придружи им се. 

Зошто сликата „од мајмун до човек“ е погрешна?

Еволуцијата не следи некој предодреден, рамномерен пат. Па сепак, масовно користената визуелизација на овој процес ја прикажува токму така - како развој од примитивно кон напредно.

Eгипетскиот сатиричар од 19 век кој поттикнал револуција

Денешните политички сатиричари често се однесуваат како овој жанр да почнува од нив, преставувајќи се како интелектуална авангарда. Она што тие го заборавиле, или пак воопшто не го знаат заради цензурираната историја, е дека храбри и луцидни луѓе кои се обидувале да го променат јавното мислење преку хумор имало и пред нив. 

Што значи да си карикатурист во Франција?

12 мртви, меѓу кои и четворица од карикатуристите-основачи, е моменталниот биланс на нападот на сатиричниот француски весник Шарли Ебдо, кој претседателот на Франција Оланд го нарече „терористички". Франција има долга традиција на сатира, која денес се покажа како погубна за оние кои се занимаваат со неа.

Карикатуристот Бербатов

Димитар Бербатов е познат по неговиот фудбалски талент, но има и некои други вештини во кои е добар надвор од теренот. Бугарскиот интернационалец црта карикатури на познати фаци и ги објавува на својата Фејсбук страна.