Пред некое време ви ја претставивме кратката историја на знакот за нов пасус. На ред се уште два - едниот го имате на тастатурата, вториот ќе мора сами да си го нацртате.
Во книгата на Кит Хјустон, софтверски инженер и писател, „Тајниот живот на интерпункцијата и симболите", се истражува историјата на голем број вообичаено користени типографски знаци. Некои од нив ретко се употребуваат, но раскажуваат интересна приказна. Како на пример оној за нов пасус.
Што ако Армстронг и другарите не успеаа да се вратат живи од Месечината? Или ако истоварот на Нормандија беше неуспешен? Што ако Кенеди не беше убиен во Далас? Говорите биле напишани.
На снимките од настапите на политичарите, зад нив постојано има луѓе кои им ракоплескаат - колку што нивниот аплауз е поентузијастичен, толку пораката делува поубедливо. Ритмичното удирање со дланките од древни времиња му дава моќ на оној кому му е упатено. Работите стојат сосема исто и денес.
Мојот прв и последен пат свесно јадење коњско месо се случи во монголски ресторан во Виена. Си бираш од изложените парчиња речиси флуоресцентно црвено месо, и ти го подготвуваат пред тебе, дур ти доаѓа слика од сите коњи од детските сликовници.
Трубадурите, Гвидо де Арецо, ренесансниот Палестрина, кастратите, Пурсел, Скарлати, Телеман, страшниот Бетовен, романтичари и пост-романтичари, регтајм, џез, Чак Бери, метал, Њу Ордер, Продиџи...И сето тоа во помалку од седум минути.
Текстов не е замислен како реакција на подмолните трикови за „омрсување" за Валентајн, промовирани од машкиот дел на редакцијата, и не е совет до сите девојки кои не знаат што да им купат на партнерите за овој празник. Од друга страна, не е грев ни ако го толкувате баш така..
Во манирите на најдобрите мета-текстови, овој е преведуван во...кафана. Додуше во неа немаше трки на болви, тезгаџијки на наслада, и чаши со дамки од ДНК стари барем девет дена. Кога човек ќе размисли, останаа уште малку вакви вистински кафани - каде лебот е бајат, ама шанкерката сосема свежа.
Десет моменти во историјата кога "fucking" бил уникатно соодветен израз. Листата е фотографирана во средно училиште во САД, обесена од професорот по историја. 5-ка за него.
Во клипче од три минути снимено во еден кадар, преку „Прекрасен свет" на Луј Армстронг, ги следиме повеќето фази низ кои има поминато музиката, од грегоријанското пеење (10 век), до дабстепот (21 век). Како тргнало, песнава за некоја година нема веќе да се препознава.
Тони Робинсон, нам попознат како Болдрик од серијата „Црна змија", веќе пишувал за старите Еѓипјани и Римјани, а планира да напише уште книги кои ќе бидат дел од серијата „Откачениот свет на чуда на Тони Робинсон".
Серијата за Сулејман Величенствениот, десетиот султан на Отоманската империја, предизвика бранувања во српската јавност. Во прашање е епизодата во која се прикажува турската опсада на Белград летото 1521., во која султанот е прикажан како романтичен витез, кој не убил и не протерал ниту еден Србин.