Таг: гробари

Топовски удар и шишиња врз фудбалерите на Олимпијакос

Со оглед на тоа што се работеше за натпревар од висок ризик, УЕФА не дозволи гостински навивачи да патуваат во Белград на 3. квалификациско коло од ЛШ. Но кога ги нема навивачите, мета на Гробарите беа играчите на Олимпијакос кои на полувреме ги гаѓаа со шишиња, по што еден од нив им врати. Инаку Партизан - Олимпијакос конечни 1:3

Нова тепачка меѓу навивачите на Партизан и Звезда

Како што пренесува РТС, навивачите на Партизан синоќа планирале на неколку локации да ја прослават освоената титула, а планот им го дознале хулиганите од Маракана кои ги нападнале пред Храмот Свети Сава. Во тепачката се користени бакљи и дрвени талпи, а повредени се двајца навивачи.

Жестока тепачка меѓу навивачи на Звезда и Партизан

Според информациите на белградските медиуми, неколку навивачи на Црвена звезда купиле карти за јужната трибина на стадионот на Партизан кој попладнево го пречека тимот на Радник и тргнале кон торбата во која стојат знамињата на Гробарите. Кога домаќините ги осуетиле „непоканетите“ гости и тргнале кон нив, надвор ги пречекале околу 200 Делии и судирот започнал.

Били Питон, Словачка

Јес да местото Закопане (за малку!) е во Полска, ама би било фино да е во Словачка и во него да живеат браќата Ладислав и Чаба Складан, кои на меѓународен натпревар (еј, кај отиде Европа!) се прогласени за најбрзи копачи на гробови. "Кога е убаво времето, ова е работа од соништата," порача еден од шампионите.  

Гробарите нападнаа гледачи поради минута молк за криминалец

Во саботата фудбалерите на Партизан играа против Вождовац, а пред мечот навивачите им дале да облечат маици со ликот на убиениот водач Александар Станковиќ. Ај што фудбалерите комотно ги облекоа, туку синоќа истото мораше да го сторат и кошаркарите иако станува збор за криминалец кој требал да одлежи затворска казна од 5 години и 10 месеци.

На прослава на титула на Звезда запеа песна на Партизан

По долгогодишна доминација на Партизан во кошарка, Црвена звезда синоќа втора година по ред ја освои титулата во кошаркарската лига на Србија. Прославата на Делиите се одвиваше на Калемегдан. Во еден момент песна поведе плејот Василије Мициќ, но направи голема утка па започна: „Да волим црно-беле“...

Со Гробари да немаш работа

Нивниот тим игра под секое ниво, заостанува 19 бодови зад најголемиот ривал па на Гробарите не им преостана ништо друго освен да го задеваат помошниот линиски судија кој го испрскаа со вода.

Храброст или лудост?

Подгрупата на навивачите на Партизан, Гробари Никшиќ претпладнево се сликаа со знамето на својата група пред стадионот Елбасан Арена во Албанија. Мечот нема да го следат во живо заради забраната за гостински навивачи, но и од многу други причини.

Група ЈНА – музичко навивачки омаж на црно белата страна

Олд-скул шмек, оригинални текстови за голема почит, полна трибина на нивните славенички настапи, преполни клубови и ресторани. На балканската навивачка сцена ѝ требаше нешто вакво.

Што значи титула после 17 години пост

Кошаркарите на Црвена звезда ја прекинаа доминацијата на вечниот ривал Партизан кој 13 години по ред беше шампион. Навивачите и играчите на црвено-белите знаеа како да ѝ се израдуваат на титулата на Калемегдан во Белград.

Гробари доаѓаат во Скопје во сопствена режија

Иако во Јадранската лига гостувањата се забранети, навивачите на МЗТ Скопје и на Партизан веќе три сезони по ред наизменично присуствуваат на дуелите на своите екипи во Скопје и во Белград. Во аеродромскиот клуб не е стигнат допис дека ќе дојдат.