„Религијата ми е многу важна. Ги почитувам правилата на Исламот и се молам пет пати во денот, секогаш“, изјави пред две години Садио Мане, еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата кој отишол да чисти една локална џамија неколку часа откако даде гол во победата против Лестер на гости (1-2).
Во обид да го намалат звучното загадување во главниот град, властите во Гана ги замолија одговорните мујезини во градските џамии, наместо да рокаат звучници, да ги повикуваат верниците на молитва преку WhatsApp. Нормално, овие веднаш реагираа дека е тоа шејтанска идеја.
По основа на ширење радикализам и „мешање во начинот на кој Исламот се учи во земјата“ белгиската влада го прекина лизингот што и беше даден на Саудиска Арабија врз Големата џамија во Брисел. Одлуката важи веднаш.
Најдобриот англиски судија Марк Клатенбург веќе некое време суди во Саудиска Арабија. Го почитуваат, ама ги почитува и тој. За време на мечот од Купот меѓу Ал Феиха и Ал-Фатех се слушна оџата од блиската џамија па Клатенбург го прекина мечот на стадионот „Крал Салман“ за присутните да се помолат. На крај дал 5 минути продолжение, дуелот завршил 1-1, па во продолженија домаќините го дале вториот гол во 118’ минута за пласман во четвртфинале.
Зелената боја не мора да биде само боја на религија, сака да порача Мароко со планот да "екологизира" стотици џамии во земјата. МПЦ уште не е до таа лекција.
ИВЗ на Косово објави конкурс за дизајн на нова Централна џамија во Приштина. Награда - 50.000 евра. Се пријавија 136 компании, од нив 81 на време ги поднесоа своите проекти. Неодамна избраа 2 кандидати, од кои само еден може да мине.