Таг: дејан манасков

Последните три напади од мечот Македонија - Србија

Тоа што го испуштивме резултатски против Франција и Полска во двете големи битки, го добивме во финишот од третото коло против Србија. Дејан Манасков ги торпедираше Србите со 10 гола, а ова е најважниот по кој остануваме да се бориме на Европско во следната фаза по групи.

Манасков јунак, Македонија во следната фаза

Македонските ракометари во последната секунда од мечот против Србија се изборија за реми кое ги води во следната фаза. Манасков херој на мечот со 10 погодоци од кои и последниот за 27:27.

Манасков им се извини на Комитите

Откако по мечот против Пиг Сегед си замина потиштен поради вулгарните пароли и скандирања кои беа упатени на негова сметка, Дејан Манасков веднаш штом стапна на паркетот во Јане Сандански пред средбата со Кјелце, отиде на помирување кај Комитите кои му аплаудираа за потегот.

Комитите удрија по Манасков

Откако на мечот против Пик Сегед можеше да се чуе само по некој свиреж, сега Комитите жестоко пееја против Дејан Манасков само поради напишан статус на социјалните мрежи дека никогаш не би заиграл за Вардар, додека беше член на Металург. Манасков не влезе во игра, а Комитите го пречекаа со свирежи, навредливи скандирања и пароли.

Контрата на Манасков со коментар на Калински

Мала група на навивачи го свиреа за статусот на социјалните мрежи дека никогаш не би заиграл за Вардар, но 90% во салата со овации го поздравија неговиот деби гол за Вардар во Лигата на шампионите.

Манасков со пируета се збогува од Германија

Вецлар приреди шоу на мечот против Гепинген и го испрати во пензија легендарниот Ивано Балиќ. Спектакуларниот меч, нашиот репрезентативец го искористи за атракција со неговите препознатливи брзи контри. По кусата авантура во Бундеслигата Манасков од наредната година му се придружува на Вардар.

Дејан Манасков со потег на колото во Германија

Во 13-та сезонска победа на неговиот Вецлар, Дејан Манасков постигна шест голови, од кои еден беше право ремек дело. Вецлар во моментов е деветто пласиран по 26. одиграни кола.

Најдобрата аситенција во изведба на Мојсоски и Стоилов

Светската ракометна федерација направи топ 10 листа на најатрактивни потези од групната фаза на Мундијалот. Најдобрата асистенција е дело на Мојсо и Столе, кои направија чиста гол шанса за Манасков, а најдобрата контра е онаа на Тимур Дибиров.

Капитенот незадоволен од одбраната, ќе мора подобро

Со најдобар учинок во историјата на нашите настапи на СП, Македонија обезбеди осминафинален дуел против Словенија. Нападот функционираше беспрекорно, но според Кире Лазаров, загрижува летаргичниот однос во одбраната.

Лазаров најефикасен во првите три кола

Македонските ракометари на првите три средби постигнаа 91 а примија 78 голови. Дејан Манасков втор стрелец во нашата репрезентација со 13 погодоци, 9 помалку од капитенот Лазаров.

Цепелинот на Манасков против Данска

Ако може да има некаква утеха од воведниот пораз на Европското првенство, тоа е голот на Дејан Манасков по додавањето на Борко Ристовски. Дефинитивно гол на натпреварот и кандидат за најдобар погодок на првенството.

Червар: Да се сакаме и љубиме на теренот би било преубава приказна

Во пресрет на првата историска средба во Лигата на шампионите помеѓу градските ривали Металург и Вардар, стратегот Лино Червар изјави дека ова дерби треба да се гледа како пресметка помеѓу два големи ривали, но не и непријатели како што некој тоа го смета.