Во англискиот чемпионшип играа Кардиф и Волвс, вториот и првиот на табелата. Гостите водеа од 67’ минута а домаќините добија два пенали во 93’ и 95’ минута во судиското продолжение. И бидна што бидна.
После четири мачни години Фулам со сите сили се бори пак да се врати во англиската Премиер лига. Еден од главните творци на враќањето во елитата може да стане 17-годишниот Рајан Сесењон, дете на клубот и иднина на англиската репрезентација.
Најдобрата италијанска лига е зад англиската втора дивизија на табелата на потрошени средства за трансфери во јануарскиот преоден рок. И зад американскиот МЛС.
Во соработка со навивачите и нивните фан клубови и симпатизери, управата на Лидс Јунајтед наводно се консултирала со 10.000 луѓе, направила 6-месечно истражување и спремни се во наредните 100 години да носат нов грб. Поарно да не го гледате.
За ирскиот репрезентативец важи маалската ’Па како ќе добиеш ако не играш’. Додуше не играл ни тој, туку чичко му уплатил па му го дал тикетот како подарок.
Фудбалерите на Бристол Сити, членот на втората англиска лига во хиерархијата (Чемпионшип) направија сензација откако со гол во 93’ минута го елиминираа големиот Манчестер Јунајтед од Купот. Цел стадион знаеше како да ја прослави победата, а посебно тренерот Ли Џонсон.
Во Англија пак има сензација: откако синоќа го совлада Стоук со 1:0, тимот на Барнли се искачи на 4. место на табелата и ако вчера завршеше првенството ќе беа во зоната на Лига на шампиони. Во што е тајната на малиот клуб?
Сандерленд и Милвол одиграа 2:2 во Чемпионшип лигата во натпревар кој буди сомнежи дека голманите на двете екипи пред натпревар биле заедно на пиво и заглавиле. 4 гола, 4 смешни интервенции. Нешто невидено до сега. И во студио им фаќаа сеир.
По пауза од два месеци и кусур, македонскиот репрезентативец се враќа со гол во дресот на Лидс. Неговиот тим загуби на гостувањето кај Брентфорд со 3:1, а Алиоски одлично се снајде во шеснаесетникот откако голманот на домаќините исплива во празно. Навивачите го критикуваа за игрите на последните натпревари и бараа од тренерот денеска да не го става во прв тим. Лидс е 10-ти на табела во Чемпионшип.
Додека синоќа екипи како Барселона и Атлетико Мадрид се тетеравеа, Џо Вилијамс од Евертон кој е на позајмица во Барнсли постигна гол во Чемпионшип лигата каков што немаше синоќа во ЛШ.
На дуелот Бартон - Вулверхемптон во Чемпионшип, гостите водеа 0-3 уште на полувреме. Третиот гол го даде Рубен Винагра кој прослави како Португалецот Кристијано Роналдо.
Ваков вид на казни да има на Балканов, стадионите ќе бидат уште попразни од што се сега. Ама Англија е Англија, а правилата се тип топ стокмени уште од времето на Маргарет Тачер која стадионите ги направи како кино сали. Кој не ги почитува, ќе седи дома.
Њукасл е еден од клубовите со огромна поддршка низ цела Англија. Црно-белите имаат секогаш полн стадион, но и никогаш средена управа и раководство. Толку се симпатични што и најсмотаните работи што им се случиле делуваат смешно. Од август ќе ги гледаме повторно во Премиер лигата.
По триумфот над Виган во понеделникот, Брајтон енд Хоу Албион - клубот основан во 1901 година од посетители на паб, влезе во најдобрата англиска лига. Најголеми заслуги има тренерот Крис Хјутон, поранешниот бек на Тотенхем кој пред три години дојде во Брајтон.
Њукасл играше против Бартон и доби пенал во 32’ минута. Мет Ричи го изведе и даде гол, но судијата Кит Струд не само што го поништи пеналот поради тоа што некој играч пред време влегол во шеснаесетникот, туку не досуди ново изведување и топката им ја врати на гостите.
Лукас Жоао има 23 години и игра во Блекбурн како позајмен играч од Шефилд Венздеј. На мечот против Престон (2:2) ги дриблаше противниците како мали деца.
Третиот и првиот на табелата во втората по ранг англиска фудбалска лига Чемпионшип, Хадерсфилд и Њукасл одиграа меч на кои имаше киксови од нивото на седма лига. На крајот тимот на Рафа Бенитез славеше 1:3 и го зацврсти првото место кое води во Премиер.
Пред неколку години Борнмут се влечеше во мизерија во третата дивизија. Главна цел на клубот беше да се ослободи од долговите и да избегне банкрот. Денес тимот е полноправен борец во Премиер лигата способен да го победи Ливерпул.
Неколку години висеа на конец да испаднат од Премиер лигата и тоа им се случи лани (првпат после 1987-ма). Во меѓувреме сменија неколку сопственици, купија разни играчи и донесоа многу тренери но никако не им успеа да се вратат дома со гостинска победа. Синоќа после цели 437 дена и 27 гостински натпревари, Астон Вила победи надвор од домашниот терен. Најзаслужен за тоа е тренерот Стив Брус.
Откако му открија леукемија, односно рак на крвните зрнца, Стилијан Петров долго време лежел во болница, не можел да ги види децата, ниту да помисли да се врати во фудбалот. Четири години после терапијата пак заигра за првиот тим на Астон Вила.
По пласманот на Барнли и Мидлзборо, вечерва ќе го дознаеме и третиот нов Премиерлигаш за следната сезона. На Вембли во финалето на плејофот, Хал Сити и Шефилд Венздеј ќе играат не само за пласман во елитата, туку и за 200 милиони фунти.
Навивач на Сандерленд, екипа која се спаси од испаѓање се јавува во фан шопот на вечниот ривал Њукасл кој испадна од Премиер лигата. Од другата страна му се јавува убав, пристоен женски глас.