Не се случува само во земји како нашата, во која странски експерти често доаѓаат да споделат искуства со нивните одлични системи на заштита на културното наследство. Илјадници предмети од Британскиот музеј едноставно ги нема, и тоа не само физички туку и (случајно или намерно) во документацијата.
Откако постоеле услужни дејности и трговија имало и луѓе кои не биле задоволни од тоа што го добивале и плаќале. Поплаките од потрошувачите можеби делуваат како некоја нова демократска измислица, но тие се многу постари од модерното, конзумеристичко општество.
„Дигитално раскажување“ е нова изложба која покажува како интерактивната технологија влијае врз начинот на кој ни раскажуваат или ние создаваме и пренесуваме приказни.
Дојде време и големи национални музеи, кои во принцип се сметаат за конзервативни и потешко прилагодливи на новите трендови, да почнуваат да ја користат новата дигитална „валута“. Штом е така, значи навистина е сериозно.
Организаторите на првата британска изложба на тема тантра, на публиката ѝ порачуваат две битни нешта: дека таа нема да вклучува ништо од Кама Сутра. И дека во неа не е спомнат Стинг.
На почетокот на 1800-те Британците со дозвола на Турците, тогашните владетели на сè во овој дел од светот, од Грција одземаат непроценливи национални богатства од времето на античка Атина. Грците веќе со децении се обидуваат да им објаснат на Британците дека тоа се вика крадење и дека е фер истите плочи да им бидат вратени. Благодарејќи на брегзит тоа може и да им успее.