Таг: бојан миовски

Победа на Абердин благодарение на волејот на Миовски

Трансферот во Шкотска минатото лето му се погоди како кец на десетка. Стигна до 15 гола во првенство, а првиот на табела има четири повеќе.

Миовски растура во Шкотска, викендов удри со два гола

Бојан Миовски потврди повеќе пати дека има убиствен голгетерски инстинкт, кој се надеваме дека што повеќе ќе го демонстрира и за репрезентација. Абердин го совлада Мадервел со 3:1, а македонскиот репрезентативец на два пати реагираше фантастично во шеснаесетник. Сега има 14 погодоци и е трет стрелец во Шкотска. Првиот му бега со 4 гола.

Миовски стрела во Шкотска од сите позиции

Само две недели откако мајсторски го матираше голманот на Ренџерс во Купот, Бојан Миовски запиша нов погодок и во шкотското првенство, вкупно 12-ти сезонава и покажа дека не простува ниту од белата точка. Тој го израмни резултатот против Сент Мирен во 74-та, но Абердин не успеа да се спаси од пораз и во последните 10 минути прими уште два гола.

Мајсторски финиш на Миовски еден на еден со голман

По шест натпревари без гол, Бојан Миовски и годинава ја продолжува одличната деби сезона во Шкотска каде на конто има 12 гола на 23 средби. Македонскиот центарфор го отвори резултатот во првиот дел со одлична завршница, но во финалето на Лига Купот во Шкотска оди Глазгов Ренџерс, бидејќи го сврте резултат на 2:1.

Гол број 10 на Миовски со новата прослава на Роналдо

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски по кој знае кој пат сезонава покажа дека му лежи Шкотска како средина. Со нови два гола изби на втората позиција на листата на стрелци.

Миовски израдува девојче во Шкотска кое му се појави со македонско знаме

Бојан Миовски за многу кратко време ги освои срцата на навивачите на Абердин. Тие пејат за него, го бодрат со македонски знамиња, а тој им возраќа и со голови и со убави гестови.

Растур систем на Миовски во Шкотска, два даде гола за 20 минути

8 настапи - 8 гола за Бојан Миовски во дресот на Абердин каде потпиша ова лето. 7 во домашното првенство и еден во Купот. Абердин славеше 4:1 против Килмарнок, а македонскиот центарфор стрелаше во 24-та и 45-та минута. Првиот погодок го даде од пенал.

Навивачите на Абердин смислија песна за Бојан Миовски

Со 5 гола уште по првите 5 кола, македонскиот напаѓач ги придоби навивачите на шкотскиот прволигаш кои најдоа доста добар начин како да го мотивираат уште повеќе. Му посакуваме многу голови и за репрезентација. Македонија на 23 септемвтри гостува во Грузија, а на 26-ти ја пречекува Бугарија.

Миовски растура во Шкотска, навивачите му извадија македонско знаме

Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски бележи фантастичен старт во шкотскиот фудбалски шампионат. 5 кола - 5 гола. Прв стрелец е во моментов.

Абердин го пречека Бојан Миовски во Шпанија

Шкотскиот прволигаш кој има освоено 10 трофеи под водство на Сер Алекс Фергусон, организираше пречек за македонскиот репрезентативец во Шпанија, каде клубот почнува со подготовки за новата сезона. Трансферот на Миовски од МТК Будимпешта, каде ја заврши сезоната со 9 голови, чини 624.000 евра. 23 годишниот центарфор овој месец ги постигна првите два гола за Македонија на мечот против Гибралтар. Фино видео му направиле.

Гол и асистенција на новиот избраник на Благоја Милевски

Македонската фудбалска репрезентација за 10 дена стартува со септемвриските натпревари од квалификациите за СП, а во пресрет на трите дуели имаме добра најава од новото засилување во напад.