Сè што вечерва не очекувавте дека може да и се случи на Барселона, фудбалерите на Ливерпул успеаа да го изрежираат. Во фудбалот не постојат чуда, туку лудачки пресврти. Барса - Ливерпул 3:0. Ливерпул - Барса 4:0. Два меча се, тоа е тоа.
По 196 меча во Лигата на шампионите, четири најдобри тима во Европа ќе се борат за вредниот трофеј на 10. издание на Фајнал Фор, на 1 и 2 јуни во Келн. Меѓу нив е и скопски Вардар.
Една саботна вечер на 20. ноември 2010 година Барселона гостувала кај Алмерија во рамки од шпанската Ла Лига и до врв ја наполнила мрежата на домаќинот. Една анегдота од тој натпревар прераскажал Колумбиецот Фабијан Варгас.
Додека целата планета уште зборува за чудата на Меси и Барселона кои се на прагот од ново епско финале во ЛШ, за највредниот пехар во Европа ќе се бори и женскиот тим на Барса за кој со успех игра Македонката Наташа Андонова.
Денешниот ден со право е посветен за најголемиот на сите времиња според многумина. Интересна е сторијата околу неговите тетоважи и како првпат решил да се црта.
Додека ние гледавме и уживавме за време на возбудливиот меч од ЛШ, една група Македонци имаше привилегија господинот 600 голови да го гледаат во живо како го делка Ливерпул. Плус и голот му го снимија од трибина. Блазе си им.
Возбудливото полуфинале меѓу Барселона и Ливерпул според сериозноста на шансите не требаше да заврши 3:0. Ќе си земеме за право да кажеме дека Салах и Дембеле се посрамотија во финишот. Ливерпул можеше да брка 2 гола негатива, ама и 4.
Секој љубител на спортот треба да биде среќен што живее во исто време со еден од најдобрите фудбалери откако се игра оваа игра. Пред 14 години на 1 мај 2005 година 17 годишниот Лионел прво во 88' минута влезе во игра наместо Ето, а 3 минути подоцна на асистенција на Роналдињо против Албасете го постигна дебитантскиот гол за Барселона. Синоќа на 1 мај 2019 го даде 600-от гол за Каталонците, против Ливерпул во полуфинале на ЛШ.
Кога ќе тргне во налет па не Милнер косачот, не Ван Дајк најдобриот стопер во Премиер лига, не Хендерсон... Кој сака нека му се испречи на патот, Меси ќе најде начин да стигне до топката.
Шпанскиот шампион Барселона е на чекор од големото финале во Лига на шампиони, откако вечерва на „Камп Ноу“ му одржа лекција по фудбал на Ливерпул. Боженствен гол на La Pulga од 30 метри.
Фудбалерите на Барселона се на една победа до освојувањето на титулата број 26, инаку осма во последните 11 сезони во кои Реал има само две. Валведере одлучи да го почне гостувањето против Алавес без Меси кој влезе кога веќе беа поставени конечните 0:2.
Додека Ајакс го освојуваше просторот на Јувентус стадиум како никој сезонава, а потоа и резултатот, Барселона си поигруваше со англискиот гигант како со Леганес. Погледне го овој соло продор на Меси и играта еден на еден со Фил Џонс. Дечково не знае кај тера.
Матјас де Лихт е најбараниот млад фудбалер во моментов. За него најзагреана е Барселона, а и тој за неа според изјавите. Меѓусебниот „флерт“ кулминираше синоќа кога холандскиот репрезентативен стопер постигна гол вреден пласман во полуфинале на ЛШ, а Камп Ноу го прослави.
Неверојатната генерација фудбалери на Ајакс откако си поигра со Реал Мадрид во 1/8 финале, вечерва во Торино нокаутираше уште еден голем фаворит за титулата во ЛШ. Барселона тренираше со Манчестер Јунајтед.
Барселона си поигра со Манчестер Јунајтед во реваншот од 1/4 финалето на Лига на шампиони, а Меси и Кутињо правеа чуда. Бразилецот даде гол за најавни шпици.
Најнеочекуваниот кадар од „Олд Трафорд“ синоќа во ЛШ беше повредениот нос на Лионел Меси кој настрада по еден грубијански фаул на стоперот на Манчестер Јунајтед.
Ништо не е решено на вторите четвртфинални средби од Лига на шампиони. Барселона обезбеди минимално водство пред реваншот на Камп Ноу, а Јувентус класата и фаворитската улога против Ајакс ќе мора да ја докаже на свој терен. Паднаа вкупно 3 гола, исто како вчера.
Не го сфаќајте ова како некакво правило, пошто не е, туку само како факти од кои можеби ќе произлезе да гледаме супер интересно и неизвесно финале меѓу гигантите Јувентус и Барселона или во превод дуел Меси – Роналдо. Зарем некој има против? Освен фановите на Јунајтед и Ливерпул се разбира.
Страстите по градското дерби Барселона - Еспањол уште не се стишија. Лионел Меси речиси никогаш не бара дрес, но од него бара секој жив на теренот. По саботното дерби поради тоа навивачите на Еспањол му се сипаа на едно од своите деца.
Од денешна перспектива звучи просто неверојатно како Португалецот бил тој кој ги пуштил младинците на Барса „во оган“, а еден гол на нивното деби им дал Тито Виланова кој подоцна стана и тренер на гигантот од Каталонија.
Манчестер Јунајтед и Барселона веќе одиграа едно полувреме од четвртфиналната пресметка во ЛШ од која стапот го изедоа навивачите на двете екипи. Додуше повеќе шпанските навивачи, освен ако Барселона не го ископира Јунајтед.
Меси има повеќе голови од слободни од цел Реал Мадрид. Неверојатниот Аргентинец по којзнае кој пат го воодушеви цел свет со луд настап. Синоќа го постигна петтиот гол сезонава од слободен удар - 4 има во првенство и 1 во Лига на шампиони.