Таг: Аристотел

Експеримент што Аристотел би го одобрил

На 16 септември во еден тивок регион во Белгија почна демократски експеримент. Преставници на германското малцинство во оваа земја формираа граѓански совет, кој треба да решава по различни проблеми на жителите. Ништо посебно, освен ако се знае дека тие се одбрани - со лотарија.

Како Аристотел може да ти го спаси животот?

Тешко е да се замисли како му било на Аристотел во негово време, кога не бил „древен“. Бил интердисциплинарен пред воопшто да постојат различни дисциплини, пишувајќи за филозофија, политика, психологија, етика, музикологија. Но како што се обидува да покаже Едит Хол, тој денес би можел да биде и „лајф-стајл коуч“, не за древни, туку за многу актуелни проблеми.

Турските серии се правени по урнек на Аристотел

Една од основните карактеристики на тн. „сапунски опери“ се неверојатните пресврти во заплетот. Неочекувана појава на некој одамна умрен лик, на таен (и често зол) близнак, изненадувачки напад на амнезија...Сите овие се стандардни наративи во ваквите серии. Евтина забава? Аристотел не мислел така.

Карлс Маркс во офсајд, Платон асистира

Една од подобрите епизоди на Монти Пајтон е фудбалското дерби меѓу античките филозофи и математичари против германските автори во рамките на СП за филозофија.

Зошто пријателската е подобра од романтичната љубов?

„Пријателството овозможува безбедна зона при размената на емоции, дистанца која го прави поднослив ризикот од интимност, простор кој му дава шанса на другиот човек да остане друг."

„КАТЕГОРИИ“ од Аристотел

Редовната петочна Букбокс читанка овој пат ја објавуваме во вторник. За тоа има барем две добри причини – денешниот почеток на Саемот на книгата, и излегувањето од печат на првото критичко издание на „Категориите" од Аристотел на македонски, со паралелен текст на старогрчки јазик.

Мислам, значи не сакам

"Во секој случај, оженете се. Ако ви се погоди жената, ќе бидете среќни, ако не ви се погоди, ќе станете филозофи". Така викаше Сократ. Имаме три примери на генијални филозофи кои знаеле сè, освен да сакаат.