Таг: англиски навивачи

Генијалното навивање на навивачите на Вест Бромвич

На една позната навивачка мелодија, на мечот против Сити додека нивниот тим ја имаше топката навивачите на ВБА пееја: "We've got the ball", а кога противникот ќе им ја земеше пееја "We've lost the ball". Како тоа добро звучи.

Ултра културата може да им помогне на англиските навивачи

Со цел подоро да се изборат за своите позиции, организираните навивачки групи во Британија би требало да почнат да ги следат ултрас движењата. Така би можеле да ја победат комерцијализацијата во фудбалот која е виновна за претерано скапите карти.

Најлудиот лизгачки старт на ЕП 2016

Нема фудбалер на ова Европско првенство кој може вака да покоси двајца. За англискиот навивач џабе е и црвен картон за овој груб и безобразен старт врз двајцата невини жртви.

Кога ти пеат за роденден

Редарот на теренот до трибините им заличил на популарниот пеач Ед Ширан, па неколку навивачи на рагби тимот Мунстер му го запеаа големиот хит Thinking out loud.

Тепачката меѓу навивачите на Олд Трафорд

Омразата град-град, клуб-клуб, навивачи-навивачи меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед е толку голема што ретко кога нивните дуели минуваат без инциденти. По голот на Кутињо синоќа, гостите запалија бакља (редок случај на Островот), а во еден момент неколку навивачи на Ливерпул влегле со нивно знаме на трибината каде стојат домашните навивачи по што изби тепачка која траеше 5 минути.

Зошто Мајкл оди на фудбал во костим за капење?

Англичанецот кој стана познат ширум фудбалскиот свет по своето ексцентрично облекување, има голема причина зошто го прави тоа.

А за навивачите на Лестер бесплатно пиво

На 29 декември во вторник Лестер ќе го пречека Манчестер Сити, а тоа ќе биде воедно и причина за одбележување на година дена патување од последно до прво место.

HOLMEDSALE FANATICS – Единствената Ultras група во Премиер Лигата

Пред 10 години, во 2005-та, шест загрижени навивачи на Кристал Палас решија да оформат навивачка група по урнек на оние во останатите европски земји.

Дајте му кечап, алеа дајте му кечап

Забавата на стадионите во англиските пониски лиги е загарантирана. Тоа го докажаа околу 2.400 навивачи на Бредфорд на гостувањето во Донкастер. Нивниот тим славеше 0-3, па освен песни за екипата, се скандираше и за питата на еден навивач, кој не доби, па доби кечап.

Возот е идеален за навивачки испади

Според извештајот на британската транспортна полиција, навивачите на Лидс Јунајтед направиле најмногу проблеми во возовите со кои патувале во последниве две сезони. Ништо подобри не се ни оние на Манчестер Јунајтед, како ни навивачите на Ренџерс.

Болната вистина на тетоважата You''ll never walk alone

Британскиот маринец Енди Грант, кој морал да ампутира дел од десната нога откако нагазил на експлозивна направа, се соочил со бизарен остаток од неговата тетоважа.

Англиски навивачи против ИРА во Глазгов

Фудбалската асоцијација на Англија била принудена на полувремето од мечот Шкотска - Англија да стапи во контакт со бендот кој секаде го прати Гордиот Албион и да ги замоли да не им даваат ритам на останатите навивачи, кои пеат навредливи песни.