Современо купувачко искуство и широк избор на технологија на една локација

Свечено отворање на нова Нептун продавница во Кисела Вода на 8 октомври

 

 

ОТВОРАЊЕ  •  ЧЕТВРТОК, 8 ОКТОМВРИ 2026  •  10:00 ЧАСОТ
ул. Христо Татарчев бр. 47в, К-Retail, Кисела Вода, Скопје

Нептун Македонија на 8 октомври 2026 година, со почеток во 10:00 часот, свечено ќе ги отвори вратите на новиот продажен салон Нептун Кисела Вода, лоциран во K-Retail, на улица Христо Татарчев 47в, населба Кисела Вода, Скопје. 

По повод свеченото отворање, од 8 до 10 октомври 2026 година, потрошувачите ги очекуваат попусти до 65%, подароци за најбрзите и ексклузивни понуди, подготвени специјално за оваа пригода.

Продажниот простор е осмислен за купувачите да можат на едно место лесно да ги разгледаат и тестираат производите. Потрошувачите ги очекува голем избор на бела техника, апарати за домаќинство, ТВ и аудио опрема, компјутери и гејминг, телефони и паметни уреди, производи за ладење и греење, како и мали апарати за нега. Во секој момент ќе им биде достапна стручна поддршка при изборот и споредбата од страна на вработените во продажниот салон. 

Работното време на продавницата ќе биде од понеделник до сабота, од 10 до 22 часот. 

„Со отворање на уште еден продажен салон во Скопје, ја остваруваме нашата цел да бидеме уште поблиску до нашите потрошувачи, во сите делови од градот. Не застануваме со Нептун Кисела Вода – како компанија продолжуваме да инвестираме во нови и современи продажни формати што нудат подобро купувачко искуство“, истакнуваат од Нептун Македонија.

(Комерцијален текст)

 

7 октомври 2026 - 15:12