„Следејќи ги пазарните трендови, како и преференците и потребите на потрошувачите, кои секогаш се во фокусот на нашето работење, Пивара Скопје одново ја проширува својата понуда, воведувајќи нова категорија пијалаци на пазарот. Среќни сме што и потрошувачите во земјава отсега ќе можат да уживаат во уникатното природно освежување што го овозможуваат двата водечки сајдер бренда - Strongbow и Apple Bandit. На ваков начин, како компанија ја исполнуваме нашата основна мисија, преку постојани иновации да им овозможиме на консументите најразновидна и најширока понуда на квалитетни производи“, изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје.
Сајдерот е оригинален, автентичен пијалак што се добива со ферментација на јаболки, како природна состојка. Се карактеризира со лесен, сладок до слатко-киселкаст вкус. Токму поради тоа сајдерот нуди природно освежување кое дополнително е засилено со ниската газираност.
Благодарение на природните овошни ароми кои можат да се користат во текот на процесот на производство, на пазарот може да се најдат и сајдер пијалаци со различни вкусови. Па така, покрај Apple Bandit и Strongbow со вкус на јаболко, на домашниот пазар Пивара Скопје пласираше и Strongbow сајдер со природен вкус на шумско овошје. Овие сајдер пијалаци содржат по 4,5% алкохол.
„Поради своите уникатни карактеристики, природните состојки, овошниот вкус и чувството на свежина, како и ниското ниво на алкохол, веруваме дека новите сајдер пијалаци што ги лансираме на пазарот ќе бидат одлично прифатени од најширок круг консументи и ќе бидат одлична алтернатива на постоечките жестоки и останати видови алкохолни пијалаци. Новите сајдер пијалаци можат да се консумираат во различни прилики, како што се дружењата после работа, и да се комбинираат со различни видови храна, апетисани и десерти, што секако ја зголемува нивната атрактивност и популарност кај голем број потрошувачи“, објаснува Диана Симон - Брунс, маркетинг менаџерка во Пивара Скопје.
Вработените и соработниците на Пивара Скопје беа меѓу првите кои имаа можност да ги пробаат и да се уверат во автентичниот, природен и освежувачки вкус на новите сајдер брендови, по што тие стануваат достапни за сите потрошувачи. Apple Bandit и Strongbow, во неповратна стаклена амбалажа од 0,33л., веќе можат да се купат во угостителските и малопродажните објекти ширум земјата.
За повеќе информации посетете ја веб-страницата ПОЛНА ЧАША www.polnacasa.mk
(Комерцијален текст)