Преку своите 65 филијали, 24/7 контакт центарот и со повеќе од 120 лиценцирани застапници во осигурувањето Банката на пазарот понуди најголема продажна мрежа на осигурителни производи, со што осигурувањето станува подостапно за секого.
Осигурувањето е дел од финансискиот систем на државата и претставува комплементарна дејност на банкарското работење, насекаде во светот. Улогата на Стопанска банка примарно е да обезбеди едукација на клиентите за предностите на осигурувањето и за додадената вредност што ја добиваат преку користењето на банкарски производи со вклучено осигурување.
Со реализација на повеќе од 5.000 полиси преку Банката во делот на животното и неживотното осигурување и позитивни реакции од клиентите, посебна популарност добиваат следните производи:
• Бесплатното годишно патничко осигурување кое го добиваат сите нови и постојни корисници на Visa/MasterCard кредитните картичките на Стопанска банка кое се активира преку филијала или Контакт центар
• Кредитите со вклучено животно осигурување (потрошувачки, станбени, хипотекарни) со преференцијални услови и
• Кредитите со вклучено осигурување од незгода и годишен ваучер од 400/600 денари кој клиентите ќе го користат за друга осигурителна полиса набавена од Банката
Покрај понудата на банкарски производи со вклучено осигурување, клиентите ќе можат да ги добијат и сите други видови на осигурување како: имотно/домаќинско и патничко осигурување со повластени цени, автоодговорност, зелен картон, КАСКО, осигурување од незгода и слично.
По повод средбата со медиумите г-дин Диомидис Николетопулос, Генерален и извршен директор на Стопанска банка АД – Скопје ијзави
„ Осигурувањето во глобални рамки е веќе нераздвојно од класичните банкарски производи а во Стопанска банка на клиентите им овозможува синергија, односно додадена вредност при користење на кредитните производи. Имено, сигурноста која клиентите ја добиваат со животното или осигурувањето од незгода е во поддршка на реализација на нивните планови а Банката го поддржува направениот избор со дополнителни поволности. Ни претставува задоволство што клиентите веќе ја препознаваат новата понуда на производите со вклучено осигурување, што е мотив повеќе за нас да продолжиме со понатамошен развој.“
Гоце Вангеловски, Генерален извршен директор на Кроација Осигурување/Неживот изјави
„Поврзувањето на различните финансиски производи е веќе добро етаблиран тренд на пазарите во светот. Имајќи предвид дека осигурителните и банкарските производи тесно се надополнуваат, во интерес на корисницте направивме соработка со Стопанска банка АД - Скопје, преку која на едно место добиваат многу повеќе. Овој модел oсвен што штеди време, нуди и поголема вредност за корисниците. Имајќи ги во предви модерните навики на пазарот сметаме дека ваквиот тип на услуги ќе биде одлично прифатен и ќе ги пресретне очекувањата на корисниците. Истовремено креираме и еден нов тренд на финансискиот пазар кој ќе придонесе за дополнителен развој на услугите во интерес на корисниците.“
Александра Шкемби Антовска, Генерален извршен директор на УНИКА Лајф изјави
„Ни претставува посебно задоволство можноста да го претставиме стратешкото партнерство со Стопанска банка во понудата на Животно Осигурување под исклучително поволни услови, достапно преку 65-те филијали на Банката, насекаде во државата. Припадноста на една од водечките осигурителни групации од Австрија, UNIQA Group и партнерството со Стопанска банка се идеална комбинација која ќе ни овозможи да реализираме значаен развој на Животното Осигурување во Македонија.“
(Комерцијален текст)