
Технологија која го одзема здивот. Моќен 5 слоен систем за разградување и отстранување.
За оние кои страдаат од астма, алергии и особено ако овие заболувања им претставуваат пречка во спиењето, 5 слојниот моќен систем за разградување и отстранување на Daikin прочистувачот на воздух, помага да се отстранат бактериите, воздушните честички, алергените, поленот и непријатните миризби од вашиот дом.
Streamer Discharge технологијата е она што ги прави прочистувачите на воздух на Daikin толку ефикасни. Плазматското празнење на електрони со голема брзина ги активира молекулите на кислород и азот, и овозможува оксидативно разградување на бактериите – што претставува еден од најефективните начини за отстранување на бактериите, вирусите, мувлата и алергените од воздухот.
Streamer Discharge технологијата на Daikin има поширок опсег на празнење од конвенционалните филтри за воздух, со помош на оксидативната брзина, распаѓањето е 1000 пати побрзо и совршено безбедно за вашето семејство.
Чистиот воздух може да се дефинира како отстранување на сите штетни честички и загадувачи, но Daikin не застанува тука. Daikin технологија за прочистување на воздухот е дизајнирана со цел не само да ги отстрани големите честички, туку и прашината, непријатните миризби, бактериите, влакната од домашните миленичиња, мувлата, поленот како и другите алергени правејќи го вашиот воздух чист и здрав.
Во последниве години, сериозноста на влијанието врз здравјето од загадениот воздух е драстично зголемена. Единствениот начин да се заштитиме и да дишеме чист воздух во домот, е да се избере вистинскиот прочистувач на воздух кој ефикасно ќе ја подобри состојбата. Дознајте повеќе за иновативните решенија на Daikin на: http://bit.ly/daikin-air-purifiers
(Комерцијален текст)