На денешен ден пред една година безбедносните камери го фатија украинскиот граничар на границата меѓу Крим и Украина (кај Каланчак) во моментот кога руската армија го напаѓа преминот, што го одбележува почетокот на руската инвазија на Украина.
Непосредно по средбата со амеканскиот претседател, првиот човек на Полска, Анджеј Дуда, ја даде следнава изјава:
„Украина не падна благодарејќи на хероизмот на бранителите на Украина, благодареќи на хероизмот на руските војници.“
Ах Фројде, Фројде...
Прашањето на Јанис Варуфакис е: зошто струјата добиена од обновливи извори, кои нели се воведуваат и субвенционираат од државни пари заради неспоредливо пониските трошоци за производство, и понатаму се плаќа по истите цени по кои се плаќа и ултра скапата струја добиена од природен гас?
Војната во Украина моментално е во фаза кој има оружје со поголем домет и кој има повеќе муниција за тоа оружје, и оваа стратегија е крајно неселективна по кој било критериум, важно е само да се лупа. Жртвите, репортажите и поместувањата на фронтот покажуваат дека Русија доминира и по двете основи.