Со 24 поени, 8 скока и 8 асистенции Стеф Кари го водеше Голден Стејт Вориорс до триумф над Индијана Пејсерс 111:107. Пред мечот некогашниот МВП на лигата гаѓаше тројки од пола терен ко да шутира во празен гол.
На 23 јули во Токио стартуваат ЛОИ 2020 (годината останува од лани кога првично требаше да се одржи Олимпијадата). Во Јапонија ќе се соберат најдобрите од секој спорт, но има и големи ѕвезди кои ќе го пропуштат турнирот од разни причини.