Одиме со мала пауза на тема репрезентации и се селиме во втората шпанска лига или поточно во канарското дерби Тенерифе - Лас Палмас каде се случи кикс на сезоната. Голманот на Тенерифе изгледаше имаше ласер во око или па за момент помисли дека игра одбојка. Трето нема.
Ќе речеш Супер куп е, не толку вреден трофеј, ама погледне ги овие имиња, навивачкото ехо, емоциите на коментаторот. Супер интересно дерби од супер возбудливи времиња за италијанскиот фудбал. Хајлајтс со многу драж.