Кога се подготвував да зборувам на TEDx, конференција која се одржа во Скопје во октомври 2010, за врската меѓу јазикот и светогледот врз примери на непреводливи зборови, се сетив на оваа книга од Хауард Реинголд.
Веројатно веќе ви е позната нашата опсесија со непреводливоста. Ама па како да не бидеш воодушевен кога ќе видиш дека постои збор за нешто што отсекогаш си сакал да го вербализираш, ама пустото немало како.
Oткако пишувавме за злоупотребата на зборот „порно" како опис на различни возбудливи човечки активности кои немаат директна врска со секс (од градинарство до храна), почнаа да ни пристигнуваат голем број други примери. Фосилно порно (не е тоа што мислите), гробно порно (исто така), фрактал порно...И меѓу нив - зборовно порно.