Малку статистика за Онеика Рејмонд: Била во 113 земји, има скоро 80.000 следачи на Инстаграм, живеела на три континенти и води две емисии на Travel Channel. Блогерка е 14 години, а почнала со тоа како викенд-хоби, додека предавала во интернационални школи. Нејзиниот блог е „посветен на инспирирање и охрабрување жени да го видат светот”, и сака да го демистифицира патувањето за една поширока демографија. Со The Cut разговара за напуштање на работата и издржување како инфлуенсер со полно работно време - и тоа телефонски, од Хонг Конг, неколку часа пред да лета за Бутан.
10 јули 2019 - 14:01