Васко може да ви остави впечаток на човек кој бааги зборува. Ама па, кога ќе видиш колку е вреден и тоа вреден без државни субвенции и лигавења, и кога ќе видиш колку музика прави и тоа колку добра музика прави, ти иде да го најдеш и да му кажеш: Збори ми Васе колку сакаш!
Васко од Бернајс веќе ни беше Диџеј на Трендоленд (слушни тука), но заради актуелноста на ситуацијата и неговата генијална просветителска идеја што треба да слушнеме, еве ни го пак, како единствен човек кој двапати ни пуштал музика.