Завршницата во плејофот од Супер лигата во ракомет, станува супер интересна. Ѕирнете ги табелата и распоредот до крај. Три екипи се во игра за титулата и на никој нема да му биде лесно.
Градското дерби меѓу Вардар и Работнички викендов се врати онаму каде што му е местото, на Градски. Навивачка атмосфера, песни, Комити, Вршац, пиво, легенди, бивши спонзори и претседатели. Убаво.
Еурофарм загуби на гостувањето против Вардар со 24:20, но имаат +2 во однос на ривалот, како и подобар меѓусебен скор, што значи ако не кикснат до крајот на сезоната, ќе ја одбранат титулата. Чкембари ги пречекаа и порачаа дека и оваа година ќе бидат шампиони.
Фудбалерите на Вардар стигнаа до многу важни 3 бода во борбата за опстанок. На стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари го совладаа градскиот ривал Работнички. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Дарко Глишиќ кој со едно безопасно нафрлување од корнер, го совлада голманот Алексовски кој остана збунет.
Од спортските викенд возбудувања, најголемо на домашната сцена беше се разбира ракометното дерби во плејофот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кое домаќините го добија со 27:21. Словенечкиот голман Урбан Лесјак го заврши на начин со кој ја крена на нозе цела сала во Битола. Статива, па две одбрани за делириум меѓу навивачите.