Ракометната треска во четвртфиналето од Лигата на шампионите стартуваше околу два часа пред мечот во фан зоната пред салата Јане Сандански. Навивачите на Вардар и Веспрем заедно се во исчекување на првата голема пресметка која се надеваме дека ќе ја добијат црвено - црните.
На превојот Стража попладнево жестоко се судриле навивачите на црногорскиот Будуќност и тетовска Шкендија, а крајниот епилог е десет повредени меѓу кои двајца посериозно. На Варвари удрија и Комити во Трговскиот центар во Скопје.
Во петтолигашки спектакл пред 4.000 гледачи, Вартекс, клубот кој го оформија незадоволни навивачи, го победи Вараждин, клубот за кој што тие порано навиваа.
Вардар го победи Пелистер со 3:1, но освен на теренот, интересно беше и на трибините каде Комити и Чкембари го збогатија амбиентот на најголемото македонско дерби.