На „вечното“ македонско дерби меѓу Пелистер и Вардар во Битола попладнево славеа Скопјани со 0-1 и ја прекинаа победничката серија на Битолчани. Дербито помина со икс прекини затоа што домашните навивачи го искористија снегот на трибините за да прават топки и да ги гаѓаат судиите и противничките фудбалери. Во еден момент го погодиле линискиот судија Дејан Костадинов кој се пожалил на повреда.
По седум минати кола, РК Вардар има извонреден скор во Лига на шампиони од 6 победи и само еден пораз со кој е лидер на табелата. Синоќа падна и Рајн Некар, а македонските навивачи славеа на свој начин уште пред да го дочекаат крајот.
Навивачките групи на Вардар и Работнички организираат акција и повикуваат да се донира за семејствата на настраданите од големото невреме кое го зафати Скопје пред два дена. Пунктот ќе биде пред соборниот храм „Св. Климент Охридски“.
На последниот тренинг пред дуелот со Динамо Загреб во 2. коло од квалификациите за Лигата на шампионите, Комити вечерва на теренот во Хиподром (Динамо тренираше на Филип Втори Арената) со песна и бакљи ги мотивираа фудбалерите да „гинат на утрешниот меч“.
Вардар го победи Пелистер со 3:1, но освен на теренот, интересно беше и на трибините каде Комити и Чкембари го збогатија амбиентот на најголемото македонско дерби.