Болест тешка му ја одземала раката. Му ја одземала и ногата. А јас се одземав барајќи спас за дете кое не го познавам во обид да му најдам работа. Сега и овде, срам ми е да прашам после толку споделувања по мреживе, дали можеби Марио ја зема првата плата чесно заработена.
Од Петровец до Аеродром ми текнува на сите имиња што сум ги заборавила, на сите згради што ги немало, на сите кафичи, на сите улици кои бледо ми стојат во сеќавањата. И штом слезам од авион, мирисот. Прекрасниот мирис на дома.