Дечко договара интервју за работа во угледна правна фирма. Меѓутоа во уво има скриено апаратче на кое слуша седумгодишно момче кое му дава одговори на она што го прашува нивната жане од кадрово. Секој негов збор е само повторување на она што го кажува малиот. Девојката позбунета не можеше да биде.
Малиот оди да продолжи со школување во друга држава, а овие му се браќа, братучеди и останати роднини. Дошле да го испратат и да му посакаат среќен пат како што го личи, со хака.
Го однела својот тригодишен син на педијатар, тој го прашал што е, машко или женско, малиот рекол дека е женско. И оттогаш, малиот го третираат како женско. Добро што не го прашале дали е куче или маче, може со глувци ќе го хранеа.
Детето е дел од скриена репортажа за ХБО направена во 2014 после којзнае кој училишен масакр во САД. Малиот проба со својот преочигледно детски излгед да купи цигари, пиво, порно, лото ливче и пушка. Само на едно место не го вратија назад.
Аудиција за главната детска улога во филмот на Спилберг „E.T“, од 1981 година. На ред е Хенри Томас, тогаш 10 години (денес 50). Неговата аудиција не завршува со стандардното „Ќе им се јавиме на твоите родители да ви кажеме што сме решиле“ туку со „Добро е мали, ја имаш улогата.“ До толку е добар.
Дали дојдовме до точка во која сиот револуционерен потенцијал се наоѓа во редовите на квазимислечко, параноично, во исто време и конзервативно и со најлошите аспекти на - во суштина позитивниот -либертанијанизам загадено.... мнозинство?
Локална телевизија од Минесота од своите архиви исџкопала апла раритена снимка од 1970-та година. Принц пред камера, на само 11 години. Принц уште мал бил цар па им дава поддршка на учителите кои штрајкуваат за поголеми плати.
Божиќ. време за отворање на подароците на кои најмногу им се радуваат децата. Малиот посакал да ја добие играта Мајнкрафт. На еден од постарите му се слушнало поинаку.
Може не е убаво да си црна овца ама далеку побетер е да си црно куче, во дом со уште три бели кучиња. Можеби малиот стварно е кабаетлија во врска со саламата ама погледнете како убедливо го накодошија овие од Кју Клукс Клан.
Нормално, го памтам првиот ден во школо. Кај нема да го памтиш, ебате, кога учителката имаше мустаќи ко Вук Караџиќ, мајко моја мила. Не знаеш дали си дошол во школо или на воена вежба.