Легендарниот градоначалник на српска Јагодина пригодно отвора веце за земјоделците, среде нива. Како што луцидно опсервира премудриот Палма, проблемот кој тие луѓе го имаат е особено видлив кога пченката е ниска.
Живописниот градоначaлник на Јагодина, Драган Марковиќ Палма, на својот Фејсбук профил, во капс лок објави: „ЈАГОДИНА Е ЕДИНСТВЕНИОТ ГРАД ВО ЕВРОПА КОЈ НА СВОИТЕ ГРАЃАНИ ИМ ГИ ЗГОЛЕМИ ПЛАТИТЕ ПРЕКУ БУЏЕТОТ“. Логиката на овој проект ви е позната од домашен терен.
Досегашен хајлајт на новата серија на Саша Барон Коен веројатно беше моментот кога Дик Чејни му го потпиша комплетчето за вотербординг. Но, озлогласениот екс шериф од Аризона кој апсеше луѓе по боја на кожа (осуден па помилуван од Трамп) Џо Арпајо, секогаш сакал да предничи.