По извлекувањето на двојките за Лига на шампиони, стандардно по еден час беа извлечени и дуелите за нокаут фазата во Лига Европа. По три години некоја друга екипа ќе го крене овој пехар бидејќи Севиља е осминафиналист во ЛШ.
Фенербахче успеа да го победи Феенорд на гостински терен и да го потврди првото место во групата. Понатаму за сега одат и АПОЕЛ, Олимпијакос, Сент Етјен, Андерлехт, Зенит, Астра, АЗ Алкмар, Билбао и Генк.