Триесетте продолженија на популарниот детски серијал „Дајте музика“, како и минатата сезона, изобилуваа со забава, дружење, перипетии, детски интриги, радости, разочарувања и разни негодувања.
Дружењето, патувањата, гушкањето со другарите и со другарките, концертите, насмевките без маски, а, неверојатно но вистинито, дури и училиштето се дел од нештата кои им недостасуваа не само на јунаците од популарниот детски серијал „Дајте музика“ туку, веројатно, и на сите луѓе на планетава во 2020 година.
Компанијата го прослави 10-годишниот јубилеј од отворањето на канцеларијата во земјава, а одговорните посочија дека нивна задача не е само да продаваат производи, туку да ѝ овозможат на секоја жена да го покаже своето најубаво лице.
Порта Македонија, паркот Жена Борец и улицата 11 Октомври во саботата вечер беа претесни да ги соберат сите фанови на Каролина, Северина и Дејвид Моралес. Телеком ја вети најголемата забава во градот и го исполни ветувањето.
Македонската ѕвезда Каролина Гочева потпиша договор за соработка со козметичката компанија Авон Македонија како нејзино заштитно лице за периодот септември 2015 септември 2016.