Фудбалерите на Манчестер, Рома, Шалке и Лион со една нога веќе се во осмина-финалето на Лига Европа откако вечерва убедливо ги совладаа своите ривали. Тотенхем поразен во Белгија, Ајакс ремизираше со Легија во Варшава.
Легендата на романскиот фудбал, Ѓеорѓе Хаџи не заборавил на фер-плејот од играчките денови. Како тренер на Витолул минатиот викенд на мечот против Астра Џурџиу му нареди на својот играч Бензар Ромарио да стане и да не глуми.
Фудбалерите често тврдат дека на подготовките нозете се тешки и дека во тој период речиси да нема многу простор за мајстории. Речиси, затоа што Константин Будеску од романската Астра даде олимписки гол против Марибор со надворешен фелш директно од корнер.