Прво сакавме да ви ги покажеме најчитаните 2015 статии на офф.нет во оваа 2015-та година па ни се виде многу работа. Наместо тоа, ѕирнете по 15 најчитани содржини на луѓето кои пишуваат на сајтот. Благодарност до сите оние кои праќаа меилови и пораки и на поинаков начин ни набацуваа содржини кои ги пакувавме и споделувавме со читателите. Од нас, за годинава, толку.
Последниот ден од неговото диџејување во Трендоленд, Теофил Панчиќ на своите читатели од белградско Време им го претстави градот кoj цел живот го м'кне со себе а првпат го запознава.
Градинка во Карпош некаде кон крајот на 1996-та. Дечурлана 4-5 години, собрани да пеат нешто. Воспитувачката додека да ги собере, они имаат штимунг проба на сопствена, тогаш една од најмачните, скопски теми. Напред Вардар!