И покрај тоа што резултатски, како четвртопласирани во група, ова не можат да бидат сметани за успешни квалификации, сепак останува онаа лична сатисфакција за нерешените 1:1 против Италија и Англија. Водството на полувреме синоќа донесе голема радост на преполнетите трибини.
Трабзонспор има големи 3:0 во турското дерби над Бешикташ. Енис Барди не е меѓу стрелците, но е најзаслужен за првиот гол кој го постигна Пол Онуачу. Сè изработи како што треба и му ја даде на тацна.
Во 2016-та водевме 2:1 дома и едвај нè победија, па им одигравме 1:1 во Торино. Лани Трајковски ги потепа, а викендов Барди ги дотепа. Не може да се откачат од нас. Погледнете ги колку се гневни.
Трабзонспор одигра ефикасен меч на гостувањето против Гиресунспор кој го совлада со 2:4. Енис Барди го постигна погодокот за 0:2 и тоа му е шести сезонава. Инаку на две кола до крај Трабзонспор се шести на табела, без шанси за излез во Европа, а Галатасарај ја осигура титулата број 23.