Долга или кратка, бојосана или виткана, под шамија или мрсна и немиена, косата е моќен симбол на општествен статус, или на отфрлање на истиот. Од Самсон и Далила, до Доналд Трамп, таа има и долга културна историја
Вчера, 26.01, во интервју за Фокс Трамп изјави дека ИСИС се „подли, гнасни стаорци“. Со тоа само се надоврза на традицијата на антропоморфизација на овие сироти суштества. И тоа не би било необично ако истото важи и за другите глодари. Ама не, глувчињата се слатки.
Како ви звучи кога нешто е опишано како елитно? „Елитен ресторан“, „елитна гимназија“. За некого оваа придавка е сигнал за посебност која мотивира. За други асоцира на некакви замислени олимписки височини, класна поделеност и недостапност. Антиелитистичкото чувство во САД ја одбележа изминатата година, а „елитно“ стана еден од најнепосакуваните епитети, пишува Њујорк Тајмс.