Кошаркарот на Оклахома Сити Тандер, Хамиду Диало е победник во натпреварувањето во забивање на Ол-Стар викендот. Прво заби преку соиграчот Расел Вестбрук, а потоа скокна преку Шекил и ја крена салата на нозе.
24 часа по дебаклот од 30 поени разлика, „Јастребите“ им се реваншираа на Бакси и стигнаа до 22-та победа. Еден триумф повеќе од нив во Источната конференција имаат кошаркарите на Торонто Рапторс кои славеа над Клиперси.