На некои им доаѓа да пцујат, на некои да ги сликнат па ние да ги објавиме, некои им пишуваат пораки... Читателка решила да ја омасови последнава техника и да ви состави тнр зналепници, со упатство како се подготуваат. Печатите и имајте ги секогаш при рака.
Си немал Букбокс работа, си собирал наслови од сајт, и си направил поетска турлитава. Некои комбинации ни имаат смисла - можеби навистина статииве испраќаат некаква сублиминална порака. Испратете ваша, да видиме каква приказна ви кажува нашиот сајт.