Демократи, избори, Демократска партија, Трамп, претседател, Републиканци, политичка коректност, сељачишта, интелектуалци, навредени, образовани, што, како, зошто се случи, сумирани во 19 секунди од Бил Маер.
Во последната епизода (10.2) од шоуто на Бил Маер имаше супер „панелисти“ - „папата на трешот“, режисерот Џон Вотерс, поранешната советничка на Обама Карин Жан-Пјер, водителот Пирс Морган и комичарот Џим Џеферис. Последниве двајца баш фино се испокараа. А ним потоа на Твитер им се придружи и авторката на „Хари Потер“.
Човекот е про-демократи и е про-Сандерс, и има објаснување зошто. Надвор од тоа ништо не му се свиѓа, со тоа што Трамп му е крајно интересен заради способноста да биде политички некоректен, а никој од неговите гласачи да не му замери за тоа.