Не за џабе го споредуваме голчиштево со наш човек, затоа што во шпанскиот фудбал токму Енис Барди знае вака да ја свитка. Во исчекување на неговото деби ремек дело за сезонава, да уживаме во она на Дани Парехо од Валенсија кој ги постигна конечните 1:1 во Мадрид.
Се избација со видео старо 8 години, ама на зарибана лента. На снимката Александар Трајковски и Анте Будимир, тогаш како македонско-хрватско дуо во Интер Запрешиќ, кое сега ќе биде нов тандем во Мајорка. Штосна идеја на шпанскиот прволигаш со довчерашните напаѓачи на Палермо и Кротоне.
Ла Лига ги објави петте најјаки голчишта од слободен удар за сезоната 2018/2019. Сите се евроголови, ама има само еден победник кој се вика Енис Барди. Во сенка го стави и Меси кој држи трето место. Браво мајсториште.
Најголема македонска фудбалска колонија има во Словачка каде нашите момци играат сосема солидно. Покрај стандардните од Топ5 лигите, имаме претставници и во Романија, Израел, Швајцарија, Унгарија, Бугарија, Грција....