Првиот 3D филм на Анг Ли „Животот на Пи" ќе биде поставен на редовниот репертоар на киното Синеплекс од 18 декември.
Оваа магична авантура говори за големите идеи – верата, надежта и борбата за опстанок. Критичарите и медиумите веќе го поставија помеѓу главните фаворити за претстојното доделување на Оскар. Џејмс Камерон го оцени филмот како ремек-дело, кое освен сјајните филмски вештини го краси и одличната употреба на третата димензија.
Филмот е заснован на истоимениот роман на познатиот канадски писател Јан Мартел, и го следи епското магично патување на младичот од Индија, Пи. По бродоломот на танкерот кои меѓу опстанатото пренесува и диви животни, Пи успева да се искачи на чамец во кој се наоѓа бенгалски тигар и зебра. Филмот ја следи неколку месечната борба за опстанок на Пи на океанот, соочен со дивите животни и непрегледните водени пространства.
Ликот на Пи Партел го игра дебитант, седумнаесет годишниот Сурај Шарма, кој Анг Ли го избрал на аудиција помеѓу 3.000 пријавени кандидати. Освен Шарма, во филмот играат и Жерард Депардје, Табу и Адил Хусеин. Возрасниот Пи го игра Ирфан Кан, познат по улогата на полициски инспектор во филмот „Милионер од гетото".
Светските критичари изјавуваат за филмот:
Визуелно чудо! - The wrap
Ова е најдобриот филм кој сум го гледал оваа година - New York Post
Спектакуларен свет на чуда! Следниот Аватар – Time
Анг Ли го постигна невозможното – Movie minute
Визуелно ремек-дело - Deadlinehollywood