В сабота, на 4 август, од 18 до 23 ч. на Градскиот плоштад во Охрид Ве покануваме повторно да балансираме заедно, да играме, да се дружиме, да се забавуваме, да се едуцираме и да се наградуваме.
За храбрите и активни посетители и овој пат подготвивме игри, кои претставуваат успешно решавање и поминување 10 препреки, односно 10 забавни игри што водат до целта. Сложување сложувалка, скокање на јаже, фрлање пикадо, скокање со топка, царица, фудбал, кошарка, одење на греда, миниголф и точен одговор на прашање. Секоја храброст и пристигнување на целта ги наградуваме. Најдобрите ќе добијат еден од 10-те таблет-компјутери, а за другите учесници следуваат голем број утешни награди.
За сè да биде вистински избалансирано и во Охрид, како што беше во Скопје, ќе се погрижат нашите гости: Тони Зен, Ламбе Алабаковски, Викторија Лоба, Ѓоко Танески, Виктор Апостоловски, диџеите на Антена 5 радио и церемонијал-мајсторот Ненад Георгиевски.
Како надополнување на петчасовната „Баланс плус" забава на плоштадот, истиот ден во рамките на Охридско лето, во Антички театар од 21 часот ќе можете да уживате и со совршено избалансираните гласови на словенечкиот ансамбл Perpetuum Jazzile.
*комерцијален текст