Новиот луксузен седан е трета генерација S60 и за првпат ќе го освојува пазарот без дизелска изведба и исклучиво во бензинска и хибридна варијанта. S60 e опремен со сите најнови технологии на шведскиот бренд, а првиот автомобил изложен во салонот на Volvo Cars во Скопје носи Т5 бензински агрегат со 250 коњски сили.
Основната цена на моделот изнесува 49.950 евра (без акциските понуди кои се во тек во Volvo Cars Macedonia), a моделот е достапен со Т4, Т5, Т6 и Т8 мотори. Т4 носи 190 коњски сили и доаѓа со погон исклучиво на предните тркала, додека Т5 (250 кс) и Т6 (310 кс) се достапни во варијанта со погон на сите четири тркала.
Т6 и Т8 се достапни и во хибриден погон со Twin Engine кој обезбедува 340 односно 390 коњски сили. Најсилната изведба е специјалната Volvo S60 Polestar со моќност од 405 коњски сили.
Новиот S60 се базира на познатата SPA платформа, која ги „носи“ и новиот XC60, сите модели од серијата 90, како и V60.
(Комерцијален текст)