Цреп на годината

Се наоѓаат на Тиндер. Се договараат за дејт. Не ѝ се јавува веќе. Три месеци подоцна, ѝ праќа порака да објасни зошто не се јавил. И е невиден цреп.

Дисклејмер: Пораката е толку језиво глупа, што оставаме простор да е измислена за лајкови и споделувања, ама тоа може и да е пуста желба. Вакви бруки за човечкиот род стварно постојат.

Дваесет и четиригодишната Кимберл Латам Хоксфорд наоѓа дечко на Тиндер и им оди муабетот, па решаваат да одат на кафе. Кафето за кратко време скиселува, затоа што дечкото, онака, уз муабет предлага Кимберли да направи пластична операција, а завршува со длабоко вреѓање затоа што таа се нуди да плати.

Овде веќе треба да ни е јасно зошто нема втор дејт, ама никој не очекува дека ќе ѝ прати порака со ПЕТНАЕСЕТ причини зошто избрал да не ѝ се јави, кои истовремено се и совети на тема што да промени кај себе како би можело неговото глупо височество да размисли.

Значи:

„Здраво Кимберли, знам дека помина веќе некое време откако бевме на дејт, но би сакал да објаснам зошто не ти пишав од тогаш.

Ми се чини дека можеше многу да ја подобриш средбата, еве ти неколку причини зошто. Се извинувам ако те навредам.”

Гледате како, оставил простор девојчето да размисли, па дури отпосле решил да го даде својот високопочитуван суд.

  • Ако ослабнеш малку, ќе изгледаш неверојатно. Пет-шест кила, да речеме.
  • Многу си бледа. Знам дека не сакаш сонце, ама малку лажен тен нема да ти наштети.
  • Имаш доста големи цицки, па треба повеќе да покажуваш деколте.

Жртвата на сељаштината.

Дали почна да ве нервира? Напијте се дијазепам, иде боље:

  • Мислам дека треба да носиш облека што ти одговара на фигурата, и малку да го осовремениш стилот. Чисто за да не се срамам кога ќе ме видат со тебе.
  • Треба да си ја исфарбаш косата во нормална боја и да направиш надградба. Подолга коса е многу поатрактивна.

(Се надевам дека девојчево има браќа и дека го познаваат.)

  • Треба да бидеш поприродна, доста носиш шминка. Треба да изгледаш пристојно, ама да не претеруваш.
  • Усните ти се паднати, стави си повеќе филери. Знам дека рече дека си зажалила, ама со филери ќе бидеш посекси.
  • Ти треба многу повеќе самодоверба, самодоверба е секси!

На следното се роди сомнежот дека е фејк њуз ова, од што е грозно:

  • Тоа што сакаш работите да се движат побавно те прави конзервативна. Не добив бакнеж, а тоа ми го повреди егото. Биди повнимателна со туѓите чувства.

(Не, заеби браќата, сама поарно бокс да му врзе.)

  • Кога јадевме (и тука емоџи што превртува со очи) Знам дека нарача салата, ама недиетална Кока кола значи калории што не ти требаат.
  • Разговорите за минатото да ги сведеш на минимум. Не ми е гајле ни за тоа, ни за што си поминала.
  • Најди си смисла за хумор, не се насмеа на ниедна моја шега.

И на крај завршува:

„Ако ги прифатиш овие работи, можеби ќе размислам за втор дејт. Ти давам месец, па ќе контактираме пак да видиме дали ова нешто променило. Убав ден, Кимберли.”

12 март 2019 - 11:58