Имаме нов моронски тренд

Имаш моронски трендови што, кога ќе се предомислиш не ти го уништуваат животот, а имаш и ова.

Значи, луѓето сакаат на некој начин да се истакнат, и тоа е фино. Се пирсаат, се тетовираат, ги модифицираат лицата и телата со импланти…

Сè е тоа во ред, поточно - нема ни што да кажуваме ние дали е во ред, ако нив им е арно.

Негде границата на солидарност ја повлекуваме во уништување на сосема здрави органи со цел ете, да направиш нешто посебно.

Австралијанецот Чарлс Бентли ете така, ужива да е специјален, па отпатувал до Шведска да направи модификација на ушите.

Веројатно досега ви е јасно дека нема сигурно да става медицинка.

Нам ни треба оториноларинголог да ни каже точно како се вика делов од надворешното уво што го има отстрането, ама не ни треба и за да ни каже дека ова не е меѓу најпаметните работи што можеш да ги направиш за себе.

Процедурата ја изведува Чаи Маиберт од КАЛМ Боди Модификејшн од Стокхолм што баш и не сме сигурни дали има некаква диплома, но нè теши:

„Да се разбереме,” вели, „оваа процедура не ве оглувува. Може да ви ја наруши способноста да слушате од каде доаѓа звукот првите две недели, но наскоро ќе се навикнете на новите уши.”

Ете. Само ќе ја изгубите способноста да откривате од каде доаѓа звукот, ама ништо страшно.

Реакциите се, природно, бурни, со досетливости од типот „Сигурно му свират ушите додека се вози на веганскиот точак”, но главно мислењето е дека со модификација на тело се претера.

Ама нели, не е страшно?

Си кажа тој, ете, само ТИ ФАЛИ ДЕЛ ОД УВОТО, ништо посебно.

10 јануари 2020 - 15:24