Здрави реакции на здрави писма на читатели

Tочна е тезата дека зголемување на храна богата со протеини на сметка на јаглехидрати и масти, ги оптоварува бубрезите и може да предизвика сериозни проблеми. Меѓутоа...

повод: Здрави писма на читатели

Почитувани,

Топло препорачувам на сите да ги погледнат двете референцирани видеа (прво и второ) од Др. Ластиг (ендокринолог од Универзитетот на Калифорнија - Сан Франциско). Имаат многу поучна и, за многу луѓе, нова порака.

Исто точна е тезата дека зголемување на храна богата со протеини на сметка на јаглехидрати и масти, ги оптоварува бубрезите и може да предизвика сериозни проблеми.

Меѓутоа...

Бранко напраил салата од контрадикторни и различни по квалитет извори. Ставил во ист кош научник како Др. Ластиг, со ПР маски на светските прехрамбени концерни. Организацијата е референцирана како авторитет од видеото што ни покажува како јадењето масти е "штетно за кардиоваскуларниот систем". Истата организација, на пример, лобирала да не се обележуваат транс-масните киселини (ала маргарин) на прехрамбените производи.

Ако го слушнете Др. Ластиг, тука во второто видео (1:14:19), вели: "Хипотезата за мастите" е побиена. Појаснување, хипотезата за мастите вели дека мастите се штетни за кардиоваскуларниот систем.

Тука (30:07) во првото видео, точно објаснува на што се базира оваа 30 години стара погрешна догма, на промашена "наука". Tажното е што кај нас, самите доктори (кардиолози, интернисти), се уште, одма ги ставаат на диета со намалени масти (и зголемени јаглехидрати.. duh) пациентите што пројавуваат почетни симптоми кои се резултат на превише јагленхидрати: метаболичен синдром, покачени триглицериди и холестерол, пред-дијабетична состојба.

Веројатно хипотезата на мастите е одговорна за најголемата катастрофа во водењето на јавното здравје во развиениот свет задниве 30-40 години и следствено експлозијата на дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести. Овие небулози се толку всадени во народното верување и кај нас, што здравствено-одговорни луѓе бутаат житарици (катастрофа), а се ежат ако им спомнеш чварка или сланина.

Во основ, ги гледам сите референцирани извори (сем Др. Ластиг и девојката палеолог) се од сајтови на вегетаријански зилот. Немам коментар.

Еве моја добронамерна препорака:

• не благо (со шеќер)
• не маргарин, или производи со транс-масти (погледајте на содржината, ако пишува хидрогенизирани растителни масти, баталете)
* тука имам борба сам со себе ради бурекот оти нашиве мајсори кристал од благој ѓорев им е примарна состојка :(
• не џусеви, сокчиња итн (100% или не исто е, висок гликемичен индекс, истите проблеми од погоре)
• умерено овошје
• ограничени скробови (леб, ориз, компири, житарици итн)
• зеленчук, месо, јајца, риба, млечни производи (тука не благи јогурти, јасно), сланина, путер по жеља :)

Поздрав
Мики

24 јануари 2015 - 14:59