Вооружени писма на читатели

Насловот и целиот текст можат само да ги наведат луѓето на погрешен заклучок. Ништо повеќе. Многу ме изненадува како од новинари од калибарот на Wired може да излезе вакво нешто. Вакви нестручни и тенденциозни написи само им одат во прилог на оние што не сакаат никаква контрола на оружјето.

АР-15 е само вид на оружје. Модел. Во САД се произведува во „милион" различни верзии кои користат „милион" различни типови на муниција. А токму типот на муницијата е она што е спорно. И во написот од Wired се спомнува 9мм, ама никаде не се спомнува кој тип на муниција прави ваква штета на ткивото каква што е спомената.

Значи типот на муниција кој е спорен и спомнат во написот е 5,56 Х 45мм.
5,56 е дијаметар на зрно, а 45мм е должина на чаура, или во САД најпознат во цивилната варијанта 223 Ремингтон. Е тоа е спорно.

Повеќето од љубителите на оружјето во САД и низ светот, се согласни дека мора да има детална контрола при набавка, ама ни случајно да нема рестрикции и забрани какви што ги предлагаат владите. Не се луѓето исплашени за џабе.

И за крај. Слични или уште подобри балистички карактеристики (да нанесе поголема штета) имаат и други типови на мунија. Зошто АР-15 како модел е одбран да се демонизира незнам. Ама знам дека токму вакви тенденцизни наслови и написи се најголем браник поборниците за поголема слобода на оружјето, воопшто и да размислат да се сложат на некои услови. Во нивни очи овие што пишуваат вакви наслови се само неписмени тиквари на кои не вреди да се губи време и се што ќе излезе од нивна уста колку и да е паметно веднаш се дочекува на нож.

П.С.
Не е до оружјето. Еве по глава на жител.
https://en.wikipedia.org/wiki/Number_of_guns_per_capita_by_country
Види ние на кое место сме :)

Еве смрт од огнено оружје по држави.
https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_countries_by_firearm-related_deat…

Да не објаснувам повеќе.

Со почит,
Љупчо Попадиновски

21 јуни 2016 - 12:11